verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Политизација на политизацијата на аерозагадувањето…

on 23 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: „Дали се политизира аерозагадувањето?!”]

И овојпат се работи за една вест што треба да се смести во рубриката за коментари, но, сепак, стои во рубриката за вести. Авторот на овој текст го пренел својот став во врска со аерозагадувањето, коментирајќи при тоа за партиите што излегле за да го подржат протестот против истото. Новинарот сакал да докаже дека протестите против аерозагадувањето се употребуваат за политички цели, но не го направил тоа како што треба. Тој на директен начин си дал право да оцени дека партиите собираат политички поени врз грбот на граѓаните, чија иницијатива е чиста.

A po politizohet ndotja e ajrit – Tetova SotЛинк до оригиналниот напис: Дали се политизира аерозагадувањето?

Датум и време на објавување: 16.12.2015

Датум на рецензирање: 21.12.2015

Рецензент: Ферикан Илјази

„Најавите за масовни протести за во четврток и петок во Тетово, ги поттикнаа и политичките партии преку прес конференции да ја изразат својата подршка за овие протести. На ова се гледа како заложба на овие политички партии во две насоки: од една страна, подршка за протести во врска со еден навистина важен проблем во животот на граѓаните; и од друга страна, придобивка за некој предизборен политички поен.“

Авторот смета дека само прес-конференциите на повеќето од опозициските партии, кои имаат задача да реагираат против погрешните владини политики, се доволен показател за да се потврди со сигурност дека опозициските партии го политизираат аерозагадувањето.

„Се забележуваат тенденции за политизирање на овој проблем, затоа што некои опозициски партии веднаш одржаа прес конференции, гледајќи на сето ова како на момент за нивно промовирање, иако за овој проблем досега се залагале само здруженијата на граѓаните кои со голема одговорност алармирале за ситуацијата со аерозагадувањето во Тетово.“

Новинарот станува и политички аналитичар при што прави забелешки дека добивањето политички поени врз грбот на граѓаните не е добра практика.

„Во овој случај залагањето на граѓанските сублекти за проблемот со аерозагадувањето е многу важно, затоа што овој проблем допира до сите граѓани без разлика на која политичка партија припаѓаат, и не би било добро овој акутен проблем за граѓаните да се злоупотреби за политички поени. Настапот на политичките партии може да го политизира овој проблем и да нема за цел негово решавање.“

Загриженоста на новинарот е оправдана затоа што вакви искуства каде што се политизираат граѓанските иницијативи имало и порано, но начинот на кој го „средил“ текстот не е прифатлив. Сите овие коментари слободно можеле да ги дадат аналитичари, граѓани, па и самите невладини организации кои се организатори на овие протести. Сè друго што напишал новинарот губи вредност. Во член 13 од Етичкиот кодекс на новинарите во Македонија, кој треба да се почитува од сите што се занимаваат со новинарство, пишува: „Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот”

(Од Сервисот за проверка на факти од медиумите на албански јазик)


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести