verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кој и зошто го „мести“ Ерван Фуере?!

on 23 - 12 - 2015       

1112 - 1

[Рецензија: И нивниот Фуере им кажа дека не се спремни за избори]

 

Манипулација, спин, невистина… Овие елементи се трите столба на кои се темели конкретниот текст. Се сакало, по секоја цена, целосно да се извртат пораките на поранешниот евроамбасадор во земјава, искажани во неговата колумна и да им се даде сосема поинаков тек и значење.

 111Линк до оригиналниот напис: И нивниот Фуере им кажа дека не се спремни за избори

 Датум и време на објавување: 21.12.2105 15:17

 Датум на рецензирање: 22.12.2015

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ИЗВРТУВАЊЕ НА ПОРАКИТЕ

Кажавме веќе: манипулација, спин, невистина… Паралелната споредба на оригиналниот коментар и овој паракоментаторски текст ќе го покажат тоа.

„Единствената надеж за Македонија да излезе од оваа криза е ако предвремените избори се одложат за барем 3 до 6 месеци. ЕУ треба да му појасни на политичкото раководство дека, врз база на случувањата од последните недели, доколку се одржат изборите во април – тоа би било контрапродуктивно и не би одело во прилог на разрешување на длабоката криза. Изборите не би требало да се одржат тогаш, па дури и по цена одложувањето да значи пролонгирање на мандатот на сегашната Влада по 15 јануари како краен рок“. (Ерван Фуере, „Призма“, 21.12.2015)

 

„Свесни за изборниот пораз кој ги очекува на претстојните избори закажани за април, опозиционерите секојдневно нудат ново алиби како да избегаат од предвремените парламентарни избори. На тоа им укажува и нивниот поддржувач, поранешниот евроамбасадор во Македонија Ерван Фуере….“.(„Вечер“, 21.12.2015)

 

„Одложување за 3 до 6 месеци би дало повеќе време за препораките на ОБСЕ/ОДИХР, особено оние за ажурирање на гласачкиот список, како и реформите кои ЕУ ги бара веќе во неколку наврати, да се усвојат и вметнат во избирачкиот процес. Ова исто би дало и повеќе доверба во капацитетот и правилното функционирање на новопоставената Државна изборна комисија“.(Ерван Фуере, „Призма“, 21.12.2015)

 

„Тој, слично како и Заев, мислат дека социјалдемократите не се подготвени за предвремени парламентарни избори за 4 месеци, само што Фуере тоа го кажува јавно, а Заев молчи и глуми конструктивност, и секојдневно измислува нови услови само за да ги пролонгира изборите“.(„Вечер“, 21.12.2015)

 

„Дури и ако се постигне договор за критични аспекти кои се потребни за сите да имаат еднакви шанси на изборите, како, на пример, слобода на медиуми, контрола врз злоупотребата на државни средства и поставување безбедносни механизми за да се спречат притисоци врз гласачи и заканување врз државни службеници, дали имаме некаква гаранција дека правилата ќе се почитуваат?“ (Ерван Фуере, „Призма“, 21.12.2015)

 

„Смислување на причини за бегање од избори, е единственото нешто што му преостана на Заев. Откако самиот призна дека неговите “бомби” и нелегално стекнати материјали не докажуваат ништо, сосема е јасно дека тој без создавање на кризи и деструкција не е играч на политичката сцена“.(„Вечер“, 21.12.2015)

 

„Покрај враќањето на опозицијата во парламентот, со што таа го прекина четиринаесетмесечниот бојкот, и назначувањето на специјалниот обвинител да ги истражи тврдењата за прислушкувањето, ниту еден од роковите договорени за имплементацијата на договорот од Пржино не е испочитуван. Во Извештајот од Мисијата за проценка на потребите на ОБСЕ/ОДИХР, објавен на 27 ноември, се изразува многу загриженост за нивото на подготвеност за изборите и опасноста да се повторат нерегуларностите од минатите години“.(Ерван Фуере, „Призма“, 21.12.2015)

 

„И нивниот Фуере им кажа дека не се спремни за избори“.(„Вечер“, 21.12.2015)

Значи, евроамбасадорот не зборува за СДСМ и за нивната подготвеност за избори или, пак, поддршка од гласачите, туку за тоа дека системот на институции е еродиран, нагризен, корумпиран и дека поради пробивањето на роковите малку е веројатно тоа навреме да се исправи за априлските избори да минат во фер и демократска атмосфера и со изедначени шанси за натпревар. Ама, некој му ставил свои зборови во устата на дипломатот, најверојатно водејќи се од ужасната максима на убер-пропагандистот Јозеф Гебелс дека „илјада пати повторената лага станува вистина“. Но, како и самиот Фуере да знаел каква медиумска „мелница за месо“ го чека неговиот коментар, па напишал:

„Како и во минатото, така и овојпат, Владата ќе ја искористи контролата врз медиумите за да ја толкува и прикаже оценката на меѓународната заедница во друго светло и целата вина да ја пренесе на останатите, особено на опозициските партии“.

Да, токму така господине Фуере, токму така.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

намерно измешани

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести