verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Уште едно поместување на границите на медиумското лудило

on 24 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

12232015-Sitel-Uzasni-Snimk 12

[Рецензија: Ужасни снимки од напади на диви животни врз луѓе, некои едвај преживеаја некои немаа таква среќа]

 

Во подготовките за оваа рецензија имавме доволно време да размислуваме и да рационализираме за да дојдеме до мотивите на редакцијата да објави една ваква содржина. Се разбира, не стигнавме многу далеку од првиот впечаток дека се работи за намерен избор на сензационалистички теми за да се обезбедат повеќе кликнувања и читаност.

Тој заклучок се совпаѓа и со мислењето на нашиот читател кој предложи да се рецензира овој „новинарски производ“. Ќе ги прескокнеме експлицитните коментари на читателот и ќе ви пренесеме само една сосема издржана констатација: „Секој ден ги поместуваат границите на лудилото што владее во „медиумската“ сфера.“

12232015-Sitel-Uzasni-SnimkЛинк до оригиналниот напис: Ужасни снимки од напади на диви животни врз луѓе, некои едвај преживеаја некои немаа таква среќа

Датум и време на објавување: 21.12.2015

Датум на рецензирање: 24.12.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ

Значи, освен сензационализам и атракција која се очекува да биде постигната поради грозоморните фотографии, оваа содржина нема ниту еден елемент достоен да биде медиумски вредна информација. Нема новост, бидејки видеоснимката, на која се повикува оваа содржина и од која се извлечени фотографиите, е публикувана во 2013 година. Освен тоа, којзнае од кога е секоја од фотографиите собрани во видеокомпилацијата на која се повикува медиумот.

Ниту една од тие несреќи не се случиле во Македонија, со што е исклучен уште еден критериум за медиумски вредна информација. И така натаму, и така натаму… Колку и да трагате по некој елемент што ќе ја оправда оваа содржина, нема да го најдете.

Се разбира, тие критериуми не се единствени, не се догма, но дури и најголемата слобода во обликувањето медиумски пакети со вознемирувачки содржини има некои елементарни правила кои мора да се испочитуваат. Така налага и членот 8 од Кодексот на новинарите:

„Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.“

Освен што не смее да има сензационализам, треба да има и видливо и веднаш воочливо предупредување дека се работи за вознемирувачка содржина. Значи: видливо, а не скриено некаде во телото на текстот, како што е направено со содржината што ја рецензираме.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести