verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Политички „баба роги“ во (не)новинарските глави

on 8 - 08 - 2016       

FireShot Screen Capture #239 - 'Се подготува нова криза_ Заев и Верушевски на средба во „Пелистер“ I Република Online' - republika_mk_6358

 

[Рецензија: Се подготува нова криза? Заев и Верушевски на средба во „Пелистер“]

Пристрасното политичко новинарство лесно се открива бидејки таа страст, со оглед на отсуството на рационалност и на реалност, се открива во мотивацијата што не може да се покрие со принципите на професионалното и етичко новинарство.

Ако ја земеме за пример медиумската содржина што ја рецензираме, за да го поткрепиме ова тврдење, добиваме аргумент веднаш – целата острастена, политички определена намера, се открива во импровизираната, со ништо непоткрепена, една и единствена реченица што има „новина“ во себе:

„Зоран Заев, лидерот на опозицискиот СДСМ, и Зоран Верушевски, неговиот близок соработник синоќа во центарот на Скопје се сретнаа во ресторанот ’Пелистер’.“

Само врз основа на оваа „вест“ е креиран цел „чаршаф“ од текст кој најаваува дека на оваа средба, поранешниот шеф на тајните служби и лидерот на опозицијата почнале „подготовки на нов план за креирање на криза во Македонија?“

Дополнително е поставено прашањето „дали оваа криза е сценариото кое СДСМ го подготвува за да избега од избори?“.

 

08082016 Republika KrizaЛинк до оригиналниот напис: Се подготува нова криза? Заев и Верушевски на средба во „Пелистер“

Датум и време на објавување: 06.08.2016, 18:31

Датум на рецензирање: 08.08.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

Освен што е премногу необично и чудно, па дури и невнимателно да се прави таков план за подготовки на нова политичка криза на толку познато, прометно јавно место, еве, да прифатиме дека е тоа така. Но, освен прашања и конструкции, овој долг и здодевен текст кој повторува, рециклира, стари „приказни“, не ни дава ниту еден аргумент дека „заговорниците се уловени на дело“.

Затоа, овој текст е политички пристрасен, зазема страна, едностран е во толкувањето на оваа средба и е далеку од професионалните етички новинарски стандарди што ги налагаат професијата и кодексите на новинарите. Сите, без исклучок.

Кога веќе добивате на „тацна“ една ваква фотографија, професионално е да им се јавите на актерите на тој регистриран настан и да ги прашате што се подготвува. Најверојатно нема да добиете одговор дека се кова план за нова политичка криза, ама ќе направите битна разлика.

Тоа е таа разлика меѓу политички мотивираната страст и страста која произлегува од професионалниот, високоетички новинарски став.

И, кога на крајот ќе резимирате, ова е текст без ниту еден извор. Тое не е новинарство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести