verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарство на „жими мајка“

on 19 - 08 - 2015       

ФОТО-Циц-на-Могрен-учи-демократија-crop-resize

 

[Рецензија: ФОТО: Циц на Могрен „учи“ демократија]

 

Овој напис нема ништо од новинарски текст. Тој е политички пристрасен и има цел само да го нападне градоначалникот на Куманово кој доаѓа од редовите на опозицијата. Авторот, наместо факти и докази, на читателот му приложил текст полн со нереални и неиздржани напади. Од обична фотографија, во овој случај е направен еден пропагандистички текст кој нема врска со новинарство.

ФОТО  Циц на Могрен „учи“ демократијаЛинкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Циц на Могрен „учи“ демократија

Датум и време на објавување: 15.08.2015

Датум на рецензирање: 19.08.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски-Циц, летово ужива во Будва, на една од најпрестижните плажи на Јужниот Јадран, Могрен, во близина на Стариот Град. Будва годинава важи за една од најскапите туристички места во регионов.“

На почетокот од текстот новинарот гради теза дека кумановскиот градоначалник се луксузира така што годишниот одмор го поминал на една од најскапите плажи во Будва. Во ред, нека е така. Но, понатаму очекуваме докази и факти за ваквата теза. Кои се фактите со кои авторот го поткрепува ваквото свое тврдење?

„Фотографиите до кои ексклузивно дојде редакцијата на „Нетпрес“, се сликани денеска, токму на оваа плажа. Од нив може да се забележи како Циц ужива во едно кафуле на плажа и пие виски, додека другите што се во негово друштво, се поскромни, и пијат пиво, пишува порталот.“

Прво, не е наведен изворот на фотографиите, како е дојдено до нив. Дали им ги испратил некој читател или, пак, новинарот самиот бил сведок на ваквата слика? Наместо тоа, акцентот е ставен на пијалаците на градоначалникот и на неговите пријатели. Циц пиел виски, а другите биле поскромни и пиеле пиво? И каква врска има сега тоа со скромноста или луксузирањето? Можеби на другите им се пиело ладно пиво, а не виски. Понатаму, не се наведени цените и имињата на пијалоците за читателот да види какво виски и пиво се пиеле и колку тие чинат. Обидот да се нападне градоначалникот со ваква смешна теза, е неуспешен.

„Додека опозициските функционери, од една страна постојано ја замајуваат јавноста за наводната диктатура на оваа власт, и декларативно се заложуваат за некоја револуција со која ќе се ослободел македонскиот граѓанин, всушност, тоа што реално го мислат и го прават покажува една сосема друга слика.“

Во овој дел од написот повторно може да се види пропагандата во овој текст, односно се напаѓа опозицијата дека едно зборувала, а друго правела. Она што останува нејасно и што повторно не се нуди како одговор е: каква врска има борбата против власта и нејзината „наводна дикатура“ со седењето во кафуле и со пиењето виски или пиво?

„За илустрација, годинава во Будва, освен високите цени за паркинг, кој што се наплатува по две евра за еден час, изнајмувањето на лежалки на плажите достигнува и до 25 евра, а цените на пијалоците во рестораните се високи како никогаш до сега.“

На крајот од текстот, авторот ни нуди една илустрација со некакви цени, за кои нема официјална потврда. Дали можеби самиот автор бил во ова монденско место, па ги знае цените, останува нејасно.

Овој текст е класичен пример за тоа како да се напише нешто колку да се рече дека се напишало. Тезите се неиздржани и смешни. Овој напис повеќе наликува на приказна за мали деца, отколку на новинарски производ. И, на крајот на краиштата, од каде читателот може да биде сигурен дека станува збор за плажата која е наведена во текстот? Или, пак, треба да му верува на зборот на новинарот, односно на жими мајка.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести