verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пронајден искасапен текст – новинарските форензичари пред предизвик

on 20 - 08 - 2015       

08182015-Vecer-Papata-i-Tit-crop-resize

[Рецензија: Папата Франциско гради политичка моќ по моделот на Тито и Неврзаните]

 

Многу бргу ќе треба да се профилираат нови професионалци кои ќе бидат наречени новинарски форензичари за да можат да детектираат, откриваат и да дешефрираат новинарски текстови и да дадат одговори на вакви прашања: Што сакал авторот да каже? Што бара некој елемент во некој наслов, а го нема во текстот? Дали е тоа натрапник, кој треба да ги прикрие трагите на насилството врз напишаниот збор? Што е тоа што треба да ги поврзе сите делови на телото на новинарскиот текст кој е вака распарчен?

Ете, сите овие способности треба да ги поседува еден читател за да може да го дешифрира новинарскиот текст што го рецензираме тука. А, новинарите пишуваат за публиката, нели?!

08182015-Vecer-Papata-i-TitЛинк до оригиналниот напис: Папата Франциско гради политичка моќ по моделот на Тито и Неврзаните

Датум и време на објавување: 18.08.2015, 12:39

Датум на рецензирање: 19.08.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Сѐ почнува со еден амбициозен и провокативен наслов кој имплицира блиска врска меѓу актуелниот папа Франциск и некогашниот претседател на некогашна Југославија и еден од најконтроверзните светски лидери – Тито. Навистина, доволно провокативно, иако кај малку повозрасните или политички поинформираните читатели веднаш ќе се појави скепсата, бидејќи е речиси невозможна врската меѓу овие двајца така како што сугерира насловот. Се работи за целосно спротивставени и различни државни концепти, на чие чело стои папата и на чие чело стоеше Тито. Но, ајде, љубопитноста е испровоцирана и тргнувате да го читате текстот.

Еден долг текст. Има од сѐ по нешто: од биографијата на папата, кој, патем, во текстот го ословуваат со неговото световно име Берголио, без да се објасни тоа и со тоа се создава конфузија за кого станува збор.

Добивате информација, некаде скриено во текстот, дека се работи за преземена содржина од хрватската веб-страница „Т-портал“, но нема линк. Така ви останува да му „верувате“ на текстот, а тој е полн со неписмен превод, нелогични реченици, граматички грешки, без никаква логична поврзаност од пасус во пасус, со што единствено е комплетирана – конфузијата.

На крајот од текстот останувате со отворена уста зашто нема ништо од најавата од насловот дека католичкиот папа и Тито граделе политичка моќ врз основа на ист модел. Па, уште оној на неврзаните?! Да се чудиш и да се прашуваш…

Како прво, поранешна Југославија и Ватикан се сосема различни државни концепти. Југославија беше федерација која функционираше на основите на комунистичките модели, со специфика која се добиваше од таканареченото работничко самоуправување, кое создаваше привид дека работниот народ управува со државните ресурси, а, всушност, тоа беше партијата преку еден диктатор во свилени ракавици…

Ватикан е виртуелна држава, која себеси се прикажува како небесно царство на земјата, а која, всушност, е шизматичка структура на христијанството, која „управува“ со духовните потреби на католиците…

И, каква е врската меѓу Тито и Франциск? Никаква! Уште помалку во концептот на неврзаните. Освен ако се прифати онаа крајно срамежлива сугестија на авторот дека врската е во пристапот кон сиромашните, за „последните“, како што се именуваат во текстот. Крајно апсурдно ако се знае дека неврзаните, односно сиромашните земји, Тито ги користеше како туристички, егзотични дестинации до кои патуваше со својата свита.

За разлика од него, папата, барем во катехизисот на христијанството, има основа да биде близок до „последните“, зашто, нели, „Блажени се гладните и жедните за правда, бидејки ќе се наситат“.

Но, тие разлики и тој концепт ги нема никаде во текстот така како што го сугерира насловот. И, оттаму, пред нас е уште една измама од новинарски текст, односно „искасапено тело“ за кое треба некој „журналистички форензичар“, а не просечен читател.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести