verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Несодржајно, со плитки и агресивни информации

on 10 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot-Screen-Capture-124--I-zurnal_n-crop-resize

 

[Рецензија: Кои се новите министри и заменици од СДСМ – стари и компромитирачки кадри на Заев]

 

И медиумот и информацијата што тој ја објавува, а е предмет на рецензија, можат да се споредат единствено со нуклеарен отпад. Не се за употреба, а шират негативна енергија. Веста се однесува на изборот на новите министри и заменици-министри, кои се од редовите на опозицијата што е договорено меѓу четирите политички партии во Пржино како услов за излез од политичката криза во која се наоѓа државата. Пласираните информации не се вистинити. Единствената цел на медиумот е да дисквалификува цела галерија личности кои ќе заземат значајни функции во Владата и кај граѓаните да внесе збунетост за нивните биографии.

FireShot Screen Capture #124 - 'Кои се новите министри и заменици од СДСМ – стари и компромитирачки кадри на Заев I zurnal_nЛинк до оригиналниот напис: Кои се новите министри и заменици од СДСМ – стари и компромитирачки кадри на Заев

Датум и време на објавување: 06.11.2015, 08:00

Датум на рецензирање: 08.11.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

СОМНИТЕЛНИ ИЗВОРИ

Веродстојноста на содржината, која медиумот ја објавува, не може да се потврди, а изворите на кои се повикува не можат да се сметаат за релевантни. Во крајно несодржајниот текст нема информација, а нема ни порака. Според формулациите и импровизацијата што е направена, единствената цел е да ги дисквалификува уште официјално неименуваните министри и заменици-министри од редовите на опозицијата, кои се предложени според договорот на сите четири политички партии во Пржино.

Од почеток до крај пропагира плитки и агресивни информации кои не се точни, а се повикува на крајно нерелевантни извори.

„Нов министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Спасовски, Спасовски е поранешен секретар на општина Куманово и инволвиран во сите матни тендери во општината, обвинуваа многу пати досега од владејачката партија.

Кирацовски бил осуден на условна казна за учество во тепачка во 2001 година објави Нетпрес пред извесно време.

Заев продолжува со неразбирање и игнорирање на пораката на граѓаните дека не му ги прифаќаат овие луѓе и овој начин на работа.“

 

КОГА НЕНОРМАЛНОТО СТАНУВА НОРМАЛНО

Последиците од таквото новинарство можат да бидат страв и омраза кон некои личности кои тоа, можеби, не го заслужуваат. Но, бидејќи таквите тенденции уредничкиот тим очигледно не ги контролира или ги одобрува, тие стануваат сосема нормална работа барем кога е во прашање медиумот чија содржина ја рецензираме.

Ако од тој аспект ги набљудуваме и информацијата и медиумот, текстот не заслужува рецензија, но бидејќи се појавува во медиумскиот простор, треба да се посочи дека таму владеат или, барем, би требало да владеат некои првила на однесување кои се дефинирани со Кодексот на новинарите на Македонија, но и со строгите правила за саморегулација, кои ОБСЕ ги востанови во 2008 година за електронските медиуми, а кои во овој случај се драстично прекршени.

Додека и ваквите медиуми не почнат да се однесуваат одговорно, на граѓаните им останува единствено самите да бидат филтер на понудените информации.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести