verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Непрофесионален текст кој отворено се става на страната на една политичка опција

on 10 - 11 - 2015       

http___vecer.mk_makedonija_neuspes-crop-resize

 

[Рецензија: Неуспешен обидот на СДСМ да ги избегне изборите]

 

Ова е еден од серијата тенденциозни текстови, кои медиумот ги објави истиот ден (6 ноември 2015 година), откако партиските лидери конечно ги усогласија деталите околу спроведувањето на Договорот од Пржино. Написот, кој, всушност, е само „преџвакување“ на материјалот објавен четири часа претходно, нагласено се труди да ја прикаже опозицијата како губитничка страна, која, наводно, очајнички се борела да ги одложи изборите предвидени за пролетта 2016 година.

Во оваа манипулативна приказна влегува и „извергланото“ сценарио за сериозен внатрепартиски конфликт во СДСМ, во кое неизбежно е инволвиран и Сорос и тоа во „радикалното крило“ на социјалдемократите!

http___vecer.mk_makedonija_neuspes

Линк до оригиналниот напис: Неуспешен обидот на СДСМ да ги избегне изборите

Датум и време на објавување: 06.11.2015, 10:42

Датум на рецензирање: 07.11.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ЗА ОПОЗИЦИЈАТА – СÈ НАЈЛОШО!

Материјалот што го рецензираме се потпира на вистинити факти:

  • Датумот за избори останува непроменет – 24 април 2016 година;
  • Постигнат е договор за таканаречениот закон за „бомбите“;
  • Договорено е министерството за внатрешни работи да го води генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, министер за труд и социјала да биде Фросина Ременски, заменик-министер за финансии Кире Наумов, заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски и заменик-министер во Министерството за информатичко општество и администрација да биде Александар Кирацоски.

Но, текстот нема идеја објективно да извести за текот и за исходот на маратонските преговори, туку овие факти наменски ги користи за да манипулира и да ја дискредитира опозициската партија. Притоа, се повикува на анонимни извори „блиски на преговорите“ и не нуди аргументи за изнесените обвинувања, па тие добиваат шпекулативен тон.

И, правен во стилот „за опозицијата – сѐ најлошо“, овој едностран напис уште на почеток ја турка познатата теза дека СДСМ и нејзиниот лидер се плашат од избори:

„И покрај обидот на СДСМ, кој од петни жили се бореше да се одложат изборите, на 24 април народот ќе го даде својот глас. Опозиционата партија била ставена во ќош… СДСМ не успеа да избега од соочување со народот…“

Истата порака ја испраќа и спинерскиот наслов: „Неуспешен обидот на СДСМ да ги избегне изборите“, иако  во написот нема никаква потврда за тоа.

Нема ниту докази за наводите  дека:

„За време на преговорите жестока била кавгата помеѓу припадниците на радикалното крило на СДСМ, блиско до СОРОС кое по секоја цена инсистирало на конфликт за да се избегне изборно соочување поради свесноста за нискиот рејтинг на Заев, и крилото кое немало избор на овие преговори…“

Пласирани на ваков начин, овие „пикантерии“ (добиени од неименувани извори), изгледаат како да се наменски конструирани за социјалдемократите да се прикажат во негативно светло. А, во иста таква оцрнувачка функција е и констатацијата дека:

„…првите адути и кадрови решенија на Заев се луѓе од неговото најблиско опркужување кои не се никаква новина, туку стари и компромитирани кадри.“

 

ДА Ѝ СЕ УГОДИ НА ВЛАСТА!

Што се однесува до законот за заштита на приватноста (како што е официјалниот наслов на популарниот закон за „бомбите“), медиумите известија дека објавените прислушувани разговори, кои укажуваат на сериозен криминал и на злоупотреба на функциите, не се предмет на овој закон и може да се преобјавуваат.

„Новинарите може да ги користат сите веќе објавени материјали од прислушуваните разговори, без да бидат кривично гонети, но само оние кои се однесуваат на јавниот интерес. Не смее да се објавуваат делови со приватни разговори, кои не се од интерес на јавноста. Доколку медиум објави приватен разговор на прислушувано лице, за кој нема јавен интерес, ќе се казни со парична казна…“

Според наведеното во текстот што е предмет на оваа рецензија, законот за „бомбите“ ќе значи:

„забрана за објавување и казни за правното лице и изворот.“

Тоа е неточно. И, несомнено, ваквото толкување не е направено од незнаење, туку за да ѝ се угоди на партијата на власт.

Тоа дополнително го засилува впечатокот дека на читателите им е понуден непрофесионален текст, кој отворено се става на страната на една политичка опција.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести