verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Непотребниот хумор ја намалува вредноста на информацијата

on 23 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #200 - 'Erdhë ” baba gjermon” liderët i kanë ‘mbush brekët’ (VIDEO) I Iliria News Agency' - ina-online_net_erdhe-baba-gjermon-

Напис: Дојде „Германецот“, лидерите ги наполнија гаќите

Специјалниот пратеник на Германија за Македонија и амбасадор во Виена, Јоханес Хајндл, денеска во 12 часот слетал на скопскиот аеродром, каде беше пречекан од германската амбасадорка, Кристин Алтхаузер. Во 15 часот е најавено дека Хајндл ќе се сретне со министерот Никола Попоски во Министерството за надворешни работи. Тој денеска и утре ќе престојува во Скопје, каде што ќе разговара и со претставници од четирите политички партии, потписници на Договорот од Пржино. Хајндл, како што извести германската амбасада, воземјава ќе има средби и со амбасадорот на САД, Џес Бејли, и со другите амбасадори од земјите на ЕУ.

[Рецензија: Дојде „Германецот“, лидерите ги наполнија гаќите]

Апсурдно е новинарот да употреби таков речник во жанрот на вестите. На што алудираат „наполнетите гаќи“, за јавноста е многу јасно, но едно не се знае – со каква цел се употребува таков понижувачки речник кон партиските лидери во една информативна содржина. „Новинарот сноси одговорност за јавно кажаниот збор“, е правило од Етичкиот кодекс. Во овој случај, содржината со таков наслов носи ризик од тужба за клевета, бидејќи може да се каже дека се врши повреда и загрозување на достоинството и интегритетот не на едниот, туку на четирите политички лидери…

„Специјалниот пратеник на Германија за Македонија и амбасадор во Виена, Јоханес Хајндл, денеска во 12 часот слетал на скопскиот аеродром, каде беше пречекан од германската амбасадорка, Кристин Алтхаузер. Во 15 часот е најавено дека Хајндл ќе се сретне со министерот Никола Попоски во Министерството за надворешни работи.

Erdhë ” baba gjermon” liderët i kanë ‘mbush brekët’ screenshotЛинк до оригиналниот напис:  „Дојде „Германецот“, лидерите ги наполнија гаќите

Датум и време на објавување: 12.05.2016

Датум на рецензирање: 13.05.2016

Рецензент: Адриан Керими

Текстот, во суштина, е во ред, но професионалното новинарство функционира на таков начин што тој мора да го содржи тоа што го кажува насловот. Ова не е случај во овој текст, бидејќи во ниеден негов дел не е даден доказ за стравот на овдешните лидери од германскиот дипломат, за што се алудира во насловот.

„Тој денеска и утре ќе престојува во Скопје, каде што ќе разговара и со претставници од четирите политички партии, потписници на Договорот од Пржино. Хајндл, како што извести германската амбасада, во земјава ќе има средби и со амбасадорот на САД, Џес Бејли, и со другите амбасадори од земјите на ЕУ“.

Ова не е сè што не e во ред со текстот. Освен тоа што содржи една фотографија, чиј автор не е цитиран, написот нема свој автор. Значи, одговорност за ова непрофесионално дело не презема ниеден поединец, туку целата редакција. За да не биде ова доволно, под текстот е прикачен видеозапис од еден друг медиум, кој за да докаже дека тоа е ексклузивно, му поставил лого (натпис). Ова во професионалното новинарство не се толерира. Медиумот што го обезбедил видеозаписот, во овој случај е извор и мора да се цитира.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

официјални

1 извор

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

Во насловот

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

Понижувачки

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести