verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Манипулативна изборна математика

on 23 - 05 - 2016       

sitel

[Рецензија: Лидер: Расте гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ и на „коалицијата за подобра Македонија“]

 

Проблемот со овој текст не е толку содржината и начинот на кој таа е пренесена, колку елементите што укажуваат на манипулација: сугестивноста на насловот и контекстот во кој е објавен написот. Се работи за напис на еден портал, кој потоа го пренесуваат само медиуми наклонети кон владејачката коалиција и тоа во време кога сè уште е актуелна одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да оди на предвремени парламентарни избори како единствен учесник на изборите, правејќи на тој начин негативен преседан од аспект на принципите на парламентарната демократија во земјата. Во таа смисла, овој напис може да се смета за манипулативен бидејќи може да влијае на начинот на кој граѓаните ја перцепираат владејачката партија – како неприкосновен политички авторитет.

Доколку се анализира, пак, содржината, ќе се види дека не е ниту точно тврдењето од насловот, туку дека бројот на гласачи на ВМРО-ДПМНЕ низ последните неколку изборни циклуси осцилирал. Така, резултатите од изборите во 2011 година се послаби од тие во 2008 година за околу 53.000 гласови, за на изборите во 2014 година бројот на гласови повторно да го достигне тој од 2011 година. Притоа, написот пропушта да наведе дека постојат сериозни сомневања, изразени од компетентни домашни и меѓународни инстанци , за неправилности во претходните изборни процеси и сомневања за изборни измами, како и за нивното можно влијание врз изборните резултати, нешто што сериозна анализа на изборната математика не би смеела да пропушти да го спомене.
Сепак, ако се тргнат настрана овие забелешки, анализата на изборните резултати направена врз основ на објавените бројки, е коректно направена, а самиот текст уште во главата на информацијата содржи ограда, која укажува дека е можно одложување на закажаните избори.

Рецензија: И со фактите се манипулираЛинк до оригиналниот напис: Лидер: Расте гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ и на „коалицијата за подобра Македонија“

Датум и време на објавување: 17.05.2016,14:05

Датум на рецензирање: 19.05.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

НЕТОЧНО ТВРДЕЊЕ

Написот е базиран на пишувања на порталот „Лидер“, кој прави анализа на добиената поддршка од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ низ последователните изборни процеси, конкретно за досега одржаните парламентарни избори и тој содржи точни податоци за освоените гласови од граѓаните. Сепак, написот содржи и неточно тврдење, во насловот, како и во главата на веста, а тоа е дека континуирано се зголемува поддршката на граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ.

Вистината е следнава: На парламентарните избори во 2006 година, кога почнува десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија освојува 304.572 гласа и 45 места во Собранието. На вонредните избори во 2008 година, ВМРО-ДПМНЕ освојува 481.501 глас, односно 63 седишта во Собранието на РМ, на изборите во 2011 година добива 428.138 гласа и 56 пратеници, што значи околу 53.000 помалку гласови од 2008 година, а во 2014 година – 481.615 гласа или 61 пратеник.

Во написот не е наведен ниту еден користен извор. Податоците за изборните резултати се јавно достапни, но непрофесионално е тие да не се наведат како што е тоа случај во овој текст.

 

НАЈГОЛЕМА СЛАБОСТ – НАСЛОВОТ

Како прикривање на информации може да се смета комплетното игнорирање на фактите за објавувањето на почетокот на истрагата за изборни измами во кои биле вмешани највисоки државни и партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на Специјалното јавно обвинителство, како и настаните кои потоа следуваа – одлуката на Уставниот суд за проширувањето на ингеренциите на претседателот на државата да амнестира лица обвинети за изборен криминал и одлуката на претседателот да аболира поголема група политички личности, меѓу кои и тие обвинети токму за изборен криминал. Една солидно избалансирана и професионално одработена предизборна анализа овие факти би морала да ги спомене барем во една реченица.

Насловот е една од најголемите слабости на написот, но тој само произлегува од содржината дадена во текстот, кој, како што веќе објаснивме, игнорира дел од фактите поврзани со изборните резултати од претходните изборни циклуси.

Понекогаш, едноставно, голите факти не се доволни, особено ако се користат селективно, односно, кога се игнорираат тие кои можат да фрлат сосема поинакво светло врз она што се објавува. Таков е случајот со написот кој е предмет на оваа анализа и тој, поради ова, може да се смета за манипултивен.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести