verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нема вест без неопходните елементи

on 19 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: ДУИ со кампања за масакрот во Љуботен, Незири: Подготвен сум да ги поддржам жителите на ова место]

 

Веста треба во нејзината содржина да ги има сите неопходни елементи и информации. Исто така, и структурата треба да биде така проткаена што ќе биде разбирлива. Веста што ја рецензираме е нејасна и тенденциозна. Јавноста не се информира колку што е потребно. Ова ја прави веста непрофесионална.

BDI fushatë me rastin e masakrës në Luboten fullscreenЛинк до оригиналниот наслов: ДУИ со кампања за масакрот во Љуботен, Незири: Подготвен сум да ги поддржам жителите на ова место

Датум и време на објавување: 12.08.2015

Датум на рецензија: 13.08.2015

Рецензент: Aдриан Керими

Авторот ја почнува информацијата со посетата на министерот за економија, Беким Незири, на селото Љуботен. Веднаш потоа, тој преминува во делот каде искажува личен став преку коментирање.

„ДУИ ги користи овие случаи за политичка кампања, изјавувајќи дека се подготвени да ги одбранат жителите на ова место, а од друга страна, не ги штитат Албанците кои што се тепани низ улиците на Скопје, не гонејќи ги кривично сторителите на овие бруталности.“

Со овој коментар, авторот отвора едно друго прашање во веста и на тој начин на читателот му станува потешко да ја разбере веста. Прашањата што сака да ги покрене текстот се легитимни, меѓутоа тие треба да се потпираат на извори, а не на констатации и на обвиненија на новинарот.

Насловот, кој исто така може да се смета за тенденциозен, во текстот не е поддржан со факти и со аргументи. Веста оставена на овој начин не ги исполнува неопходните елементи за да ја информира јавноста, туку останува текст со размислувања и со ставови на новинарот, што не е во согласност со професионалните стандарди. Новинарот со право може да покренува прашања и дилеми, колку и да се деликатни, меѓутоа текстот треба да го објави откако е потпрен на извори и кога ја има структурата на една вест.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести