verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Институциите, кои и да се, се само една страна во веста

on 19 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: Општина Центар, полицијата врши притисок врз фирмите кои пто работат со нас]

 

Потребно е одржување баланс при известувањето, нудејќи целосна и сеопфатна информација, искористувајќи ги ставовите на сите страни опфатени во веста. Овој начин на информирање се смета за професионално известување, особено кога една страна е обвинета, а другата обвинува. Доколку новинарот ѝ дава простор само на едната страна, веста ризикува да се смета за необјективна, а новинарот како пристрасен.

Lajm - Komuna qender - Policia po i ben presion firmave qe po punojne me neЛинк до оригиналниот напис: Општина Центар, полицијата врши притисок врз фирмите кои пто работат со нас

Датум и време на објавување: 12.08.2015, 14:00

Датум на рецензија: 13.08.2015

Рецензент: Фатљуме Дервиши

Веста што ја анализираме зборува за една важна државна институција која обвинува една друга, исто така важна, државна институција. Разликата е во тоа што овие институции се раководени од лица што доаѓаат од различни политички субјекти.

Авторот известува за едно соопштение, во кое Општина Центар претендира дека власта, Градот Скопје, (односно МВР) врши притисок над една фирма која го добила тендерот за работи во оваа општина и, според нив, ова не е првпат. Потоа, тој продолжува да го цитира соопштението објавено од оваа Општина.

Веста, објавена на овој начин, подразбира дека авторот го подржува овој став, бидејќи го оценува како доверлив и дека нема потреба од консултација на други извори и факти. Но, веста го негира правото на читателот за целосно информирање. Јавноста има право да го знае официјалниот став на Министерството за внатрешни работи, дали се согласува со обвинението или не.

Бидејќи во веста се спомнуваат и компании кои добиле тендери за работа во оваа општина, требало да се слушне и ставот на некои од нив. Кои се фирмите што добиле тендери е информација од јавен карактер и, во овој случај, тоа нема да го наруши нивниот углед, туку ќе ја зголеми довербата на јавноста во оваа вест.

И институциите кога издаваат соопштенија, кои и да се тие, се само една страна во веста. Таа станува целосна кога се опфатени сите наведени страни.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

прилагоден

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести