verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нема никаков скандал со ваучерите за туризам, бидејќи сè уште не се доделени

on 8 - 06 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија:СКАНДАЛ:2/3 од добитниците на ваучер од владата се Албанци, 16 % Македонци, Роми 11 %…? ]

Текстот што го рецензираме е со сензационалистички наслов во кој се најавува некаков наводен скандал со поделбата на ваучерите за домашен туризам. Изнесените проценти на граѓани кои се наводни добитници на ваучери се шпекулација, бидејќи тие сè уште не се доделени, и според информацијата од Министерството за економија, истите ќе бидат доделени неделава.

Линк до оригиналниот напис: СКАНДАЛ:2/3 од добитниците на ваучер од владата се Албанци, 16 % Македонци, Роми 11 %…?

Датум и време на објавување: 07.06.2020

Датум на рецензија: 08.06.2020

Рецензент: Силвана Жежова

Близу две третини или 64 % од добитниците на владините ваучери за помош поради коронавирусот се етнички Албанци, ова го покажува докуменот кој се појави на социјалните мрежи, а потекнува од владината електронска дата база. Според изворот на инфографиката со овој план на Владата се прави обид за изборен поткуп преку идентификација на гласачи кои за возврат за добиен ваучер ќе го дадат гласот за СДСМ.

Ваучерите за туризам не се доделени, па оттука не може да се знае и процентот на Албанци, Македонци или други етнички припадници кои ги добиле. Инфографикот на кој се повикува текстот може наменски да биде направен за ширење на дезинформации, бидејќи нема докази дека е од владината електронска база, како што се тврди во текстот.

Според Министерство за економија, ваучерите за домашен туризам ќе им бидат испратени на сите вработени граѓани кои ги исполнуваат условите, односно кои во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле вкупни нето-приходи од плата и надоместоци од плата не поголеми од 60.000 денари според податоците од Управата за јавни приходи.

Списокот на граѓани кои што ги исполнуваат условите до Министерството за економија го испраќа Управата за јавни приходи, а и покрај тоа што ваучерите ќе им бидат испратени на граѓаните на електронска е-маил адреса која ја имаат доставено во УЈП, исто така граѓаните ќе може на Платформата да проверат дали се на листата односно дали ги исполнуваат условите за ваучер за домашен туризам, велат од Министерство за економија.

Владата ги демантираше информациите изнесени во овој текст, истакнувајќи дека „ваквите неточни податоци се тенденциозни, манипулативни и имаат цел да го дезинформираат населението“.

Наводните бројки и квоти кои од попладнево се пласираат преку одредени портали и преку социјалните мрежи не се точни, ниту пак можат да се пресметуваат на начинот на којшто се презентирани, се вели во ДЕМАНТОТ на Владата.

Имајќи предвид дека ваучерите сè уште не се поделени, станува збор за шпекулации кои имаат за цел да ја дезинформираат јавноста со цел поттикнување на етничка нетрпеливост и поделби.Текстот се коси со професионалните новинарски стандарди и го прекршува Кодексот на новинари за професионално и точно информирање.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести