verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Со фотографии стари 10 месеци, се манипулира јавноста дека Лукаревска е на фризер

on 8 - 06 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија: Ќе лакирам нокти, па последно да ми е! Еве зошто пола шефови во СДСМ се заразени!]

Рецензираме лажна вест, која е поттикната од објава на Твитер во која се тврди дека директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска позитивна на коронавирус оди на фризер. Оваа информација е лажна, а за нејзиното протнување во интернет просторот, но и за да заврши во ВечерКурир (тука текстот во меѓувреме е повлечен) и Весник.ком, искористени се стари фотографии од 31 август 2019 година.

Линк до оригиналниот напис: Ќе лакирам нокти, па последно да ми е! Еве зошто пола шефови во СДСМ се заразени!

Датум и време на објава: 04.06.2020

Датум на рецензија: 05.06.2020

Рецензент: Мирослава Бурнс

Примарниот извор на оваа дезинформација е твит, во кој што се тврди дека Лукаревска ,,шири корона и наместо да седи дома оди по фризерски салони”.
Членот 1 од Кодексот на новинарите  е презицен дека треба  да се објавуваат точни и проверени информации. Но, во овој случај не само што не е направена таква проверка, туку се манипулира јавноста и се обвинува Лукаревска за кривично дело ,,ширење заразна болест”.

Па, во ситуација кога Лукаревска е позитивна на ковид – 19, таа треба да се бори не само со коронавирусот туку и со дезинформации, лаги и спинови. Таа ја демантираше лажната информација која беше објавена во повеќе медиуми, а циркулираше и на партиски Фејсбук страници со логото на ВМРО-ДПМНЕ.

Најостро ги демантирам тенденциозните дезинформации, лаги и конструкции кои одредени лица сокриени позади лажни профили, ги шират за мене. Изминативе денови се соочувам со оркестриран напад врз мене како личност. Не е вистина дека сум го напуштила својот дом додека сум во изолација за да одам во фризерски салон. Фотографиите коишто ги шират како “поткрепа” на оваа лага, се од 31 август 2019 година. Јавноста треба да знае дека согласно протоколите, постојано сум под полициски надзор, како лице во изолација. Но, пред се и над се, како човек, никогаш не би дозволила свесно да загрозам нечие здравје и да прекршам јасно пропишани закони. Згрозена сум од непочитта и злоупотребата на било чија здравствена состојба. Но, иако за пребродување на ситуацијата во којашто се наоѓам е потребна сила и мир, нема да штедам енергија да ги демантирам сите лаги кои планирате да ги пласирате. За секоја една лага, ќе најдам и време и сила да ја разобличам пред граѓаните. Зошто граѓаните ја заслужуваат само вистината! – стои во демантот на Лукаревска

Ама, во текстот не е извршена консултација на втората страна за проверка на овие фотографии. Наместо тоа, фотографиите се објавени со лажен наслов, лажна информација и обвинување за сторено кривично дело. Новинарите мора да ги проверуваат информациите за кои дојави црпат од социјалните мрежи, а не интегрално да ги пласираат.

Насловот е тенденциозен и невистинит, а во самиот напис со еден неверојатно обвинувачки наратив се тврди и дека функционери на СДСМ поради непочитување на мерките го добиле коронавирусот. Што, исто така, е неетички и непрофесионално во услови кога многумина од заразените, вклучително и оние кои не се функционери, не знаат како станале носители на вирусот.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област. 

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести