verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Недостиг од „ток-шоуа“ и покани за пријателство со публиката

on 18 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Talk showАко се направи еден преглед врз албанската медиумска панорама во Македонија, може да се каже дека имаме работа со една релативно сиромашна атмосфера, како од инвестициски аспект, така и од аспект на телевизиски реализации. До пред три-четири месеци, со исклучок на локалните медиуми, броењето на албанските телевизии завршуваше со бројот два, и тоа „Македонската радио-телевизија“, односно програмата на албански јазик, и националната телевизија „Алсат-М“. За наша среќа, некој се сети да отвори уште две нови сателитски телевизии, „ТВ 21“ и ТВ „Шења“.  Како и да е, максимумот што можат да го понудат сите овие канали заедно, се продукциите на политички или дебатни емисии. Но, што е во суштина едно „ток-шоу“ (talk show)? „Ток-шоу“ е еден вид формат кој има за цел да ја забавува публиката на различни начини. Не станува збор за промоција на систем на вредности ниту, пак, за некој квалитет на информации. Тука се работи за одгледување на една медиумска култура која произведува забавни информации за најголемиот дел од гледачите. „Ток-шоуто“ може да се види и како „бојно поле“, но без практична врска поради природата на форматот и начинот како е концепирано. [1] Заработката што доаѓа на крајот на денот од „ток-шоуто“, за да се разбере дали станува збор за дијамант или за една ситна пара, е токму економската инвестиција, значи еден физички доказ на успехот на овој медиумски производ. Како што сме виделе, камен-темелникот за правење пари е фрлен уште пред пристигањето на гостинот во студиото. [2] Тогаш може да се зборува само за ставање на шлагот врз тортата. Овој формат, меѓу друго, содржи и присуство на публика во сала, која на некој начин е активен дел од спектаклот. Тие ракоплескаат (диригирани од некого), се смеат, викаат, прашуваат, коментираат итн.

Во последниве години публиката е претставена како еден примарен фокус во медиумските студии. Направени се десетици проекти за да се истражува и да дебатира за позицијата на публиката. Станува збор за странски студии, а што се однесува до албанскиот или македонскиот амбиент, ова е еден претеран луксуз. Од силата во текстовите што влијаат врз читателите, кои се позиционирани преку идеолошкиот субјект или како медиумски индикатори, произлегува она што се вика ефект на создавање модели. Публиката функционира како податок што се зема предвид. Многу теоритичари признале дека различните медиумски жанрови се користат од публиката како структура за интерпретација или еден вид одговор за менаџирање на очекувањата како културен производ.

Иако многу медиуми се изградени во име на публиката, постои мала униформност во определување на терминот „публика“. За да се направи преглед за тоа како може да се проучуваат актуелните публики и употребата на жанровите како категории, се враќаме на еден преглед на коњуктурата меѓу „ток-шоуата“ како жанр, хиерархијата на вкусовите и прашањата за социјалниот идентитет.

„Ток-шоуата“ се особено корисни за проучување во овој контекст поради две главни причини.

Како прво, тоа е еден широко одреден жанр, кој опфаќа неколку поджанрови. „Ток-шоуто“ нуди еден силен пример на интрагенеричка практика и политика, каде што публиката е различна.

Како второ, едно истражување направено првпат во 1999 година, покажува дека во тоа време прерцепцијата беше понегативна и „ток-шоуто“ се сметаше за „лош жанр“ на телевизијата, активно понижуван во целиот спектар за неговите ниски културни вредности и штетното влијание врз општеството. Меѓутоа, различните погледи врз „ток-шоуто“ нудат витален преглед на еден комплициран жанр со многу тенденции и претпоставки што можат да се резимираат со зборот „лош”.[3]

Прашањето е, зошто во Македонија недостига форматот „ток-шоу“? Дали е ова инвестициски проблем, немање идеи или недостиг од реализација? Можеби е збир од сите фактори по малку. Бидејќи фактот дека е „лош“ формат паѓа во вода. Има многу полоши работи во нашите медиуми што функционираат многу добро (политичкото влијание врз медиумите, проблемот на сопственост на медиумите и така натаму). Засега не може да се дискутира за реализација на таков телевизиски формат. Ни на македонските медиуми не може да им се додели некој трофеј за вакво достигнување.

Врз основа на теоријата на Џејсон Мител (Jason Mittell) и доколку ја прилагодиме со нашата анализа, забележуваме дека сегментацијата и категоризацијата на публиката во една одредена емисија е целосно нормална, бидејќи мислењето на еден гостин во емисија може да има различни конотации кај публиката. Ним им се допаѓа тоа што сакаат да им се допадне и го занемаруваат тоа што ги интересира помалку.

Погоре споменатиот аргумент, сеге веќе застарен, дека „ток-шоуто“ како жанр може да биде штетно за општеството, е многу релативен. Штетата или користа на една телевизиска програма не зависи од форматот, туку од содржината. Сигурно е дека финансиските и реализациските проблеми максимално ќе се минимизираат доколку овие две работи се спојат една со друга, и тие се: конфигурација на соодветен формат за културниот идентитет на публиката и нивната едукација за активно учество во овие телевизиски пакети. А прашањето дали може ова да се постигне и што ако се постигне, му припаѓа на една подлабока анализа.

Користени извори:

[1] Julie Engel Manga, Talking trash : the cultural politics of daytime TV talk shows, boton: New York University Press, 2003, f. 1.

[2] Laura Grindstaff, The money shot : trash, class, and the making of TV talk shows, botn: The University of Chicago Press, 2002, f. 116.

[3] Jason Mittell, Genre and Television – From Cop Shows to Cartoons in American Culture, boton: Taylor & Francis Books, 2004, f. 95 – 96.

 


Оваа колумна е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Колумната e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на колумната е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Претплатете се за најнови вести