verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не смее ронка прав да падне на Груевски!

on 11 - 08 - 2016       

11112

[Рецензија: ОКТРИЕН ОРГАНИЗАТОРОТ НА ИНЦИДЕНТОТ: Заев за ситна пара го ангажирал Маркоски – соросоидите организирале медумска хајка!]

Политичко искривување на реален настан за да не му се наштети на имиџот на шефот на владејачката партија. Ете тоа имаме во овој напис кој со сите сили се труди да ја спинува немилата ситуација во која, како што покажуваат видеоснимките, граѓанин е физички нападнат од човек кој е во придружба на Никола Груевски, зашто гласно зборуваше и критикуваше за неадекватниот одоговор на надлежните во справувањето со катастрофалната поплава во Скопскиот Регион.

  1111Линк до оригиналниот напис: ОКТРИЕН ОРГАНИЗАТОРОТ НА ИНЦИДЕНТОТ: Заев за ситна пара го ангажирал Маркоски – соросоидите организирале медумска хајка!

 Датум и време на објавување: 09.08.2016

 Датум на рецензирање: 10.08.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

 ЕМ КАБАЕТ ДЕКА ЗБОРЕЛ, ЕМ ВИНОВЕН ДЕКА БИЛ НАПАДНАТ

Значи, не смее ронка прав да падне врз шефот на ВМРО-ДПМНЕ и врз неговиот имиџ како „човек од акција, човек од народот и за народот“! Внимавајте, каде еден граѓанин е удрен со тупаница од некојси што се движи со Груевски, па дополнително се спинува дека тоа било организиран инцидент. Од кого? Па, од кој друг ако не од СДСМ, Сорос итн…

Да немаше видеозапис и тоа снимен од странска телевизија и пренесен од домашните медиуми, па ајде да поверува јавноста, ама јасно и гласно се гледа настанот и притоа пак се обидуваат со сила да нè прават недоветни. Од силната желба да се одбрани нешто што е неодбранливо, во написот ептен се мешаат лончињата, де СДСМ, де Сорос, де платен инцидент… Недостигаат уште масоните, темпларите и космичкиот заговор против власта во Македонија! Прво, човекот што му реагира на Груевски не е од СДСМ. Станува збор за извесен Гоце Маркоски, кој е член на Левица, а не на Социјалдемократскиот сојуз. Колку и да се прават обиди за ставање знак на равенство меѓу нив, сепак станува збор за два различни политички субјекта. Така што изнесеното ама баш „ич не држи вода“:

„Станува збор за познат Соросов активист, под директна палка на Заев и Сорос, Гоце Маркоски, кој воедно е и член на Централниот комитет на Левица, партија-испостава на Сорос и СДСМ чии членови во протестите на така наречената ,,Шарена револуција” беа дел од уништувањето на државен имот: споменици, згради и мостови“.

 

„Инцидентот кој смилено беше инсциниран од Заев и СДСМ се случи за време кога екипа на бугарската телевизија Нова беше во околината на Груевски, со цел инцидентот да биде претставен како скандал, во поширокото подрачје“.

 

КОГА ЦРНОТО Е БЕЛО

А да се средат прво мислите, па да се реши што е човеков – сдсмовец, левичар, соросоид…. Или наједноставно било да се стави дека е сè за да се дополни ефектот дека, ете, лошата опозиција ја наместила работата. Аргументи за тврдењата нема, сè се тоа обвинителни тези расфрлани на парче хартија, кое мака мачи да исполни некои од очекуваните професионални стандарди. Како некаков си доказ дека, ете, се работи за договорен инцидент, написот нуди скриншотови од неколку медиуми кои, разбирливо, не се под контрола на власта и кои известиле за настанот. Демек, диригирана акција?! Но, поголемиот дел од тие написи користат коректни формулации и објавуваат дека „Приврзаник на Груевски нападнал човек“, што според снимките навистина и се случило. Поточно, волонтер и воедно активист на Левица поради „големата уста“ е физички нападнат. Точка. Крај на филмот. Тоа е така.

Несфатливо е зошто некои упорно се обидуваат да нè разубедат дека црното е бело. Луѓе, човекот е нападнат зашто зборува пред „големиот шеф“, а тоа не е дел од однапред планираното сценарио за „бетонирање“ на ликот на Груевски како народски човек, дури и кога институционално тоа воопшто не му е работа. Но, кажавме на почетокот, никако прашина да падне на неговиот имиџ. Плус, конкретниот текст како да е копирано партиско соопштение. Тоа не влегува во описот на веродостоен новинарски труд.

Затоа, се редат вакви написи во кои спинот, колку и да се сака, не може да ја замати вистината која, како што некој рече, е „Како шило. Врти, врти и ќе излезе на виделина“. Токму така, се согласувам, ќе излезе…


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести