verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

АНАЛИЗА: Како се одвива политичката дебата на ТВ-екраните на албански јазик?

on 10 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

debat 3

 


Присуството на дебата на националните телевизии радува, меѓутоа треба уште да се работи на зголемување на нејзиниот квалитет и, воопшто, на нејзината култура, особено кај тие што имаат одговорност повеќе, како платени функционери со парите на народот

 

Пишува: Ферикан Илијази

Од јануари до март во 2016 година, во политичките емисии на петте национални кабелски и терестријални телевизии со програма на албански јазик, што се предмет на оваа анализа, дебатираа стотици гости. Тие главно доаѓаа од парламентарните партии, од власта или опозицијата, со што честопати се занемаруваа другите политички субјекти и на гледачите не им се овозможуваше целосно да се запознаат со разноликоста на политичката сцена во Македонија.

Ова најмногу доаѓа до израз во многуте дебати каде што учествуваат само двете најголеми албански партии претставани во Собранието на РМ, што е за поздравување, во споредба со недостигот од дебата меѓу етнички македонската власт и опозиција. Сепак, ретко во овој период се случуваше овие партии да ги соочат ставовите со другите партии надвор од Собранието. Обично, ДУИ и ДПА се тие што се соочуваат пред екраните и одбиваат да се поканат партиите што не се во Собрание.

Освен недостигот од соочувања на ДУИ и на ДПА, било со Беса Унитети, ДР-ДПА, НДП или ПДП, видлив е и недостигот од дебати меѓу лидерите на овие две партии, кои речиси на сите дебати што беа поканети не биле со други гости, освен тет-а-тет со модераторот на емисијата каде што биле поканети. Во овој период, исклучок е само една дебата во „Клик плус“ на ТВ 21, каде Мендух Тачи беше поканет заедно со други политички претставници.

Ни граѓанскиот сектор не е многу вклучен во дебата. Аналитичарите се тие што доминираат како гости. Иако дел од нив дејуствуваат во граѓанскиот сектор, обично за време на овие дебати се покануваат како поединци-познавачи на темите, за кои се дискутира.

Во оваа анализа ја имаме опфатено емисијата „Зиг заг“ на тетовската ТВ „Арт“, гостите во емисијата „Патот кон“ на „Алсат-М“, дебатите во „Новиот пат“ на Тв „Шења“, дебатата во „Клик плус” на ТВ21 Македонија. Треба да се нагласи дека овие три месеци што се предмет на нашата анализа беа доста „бучни“ и преполни со важни политички настани.

Во продолжение, едно резиме на поканетите гости во гореспоменатите емисии, почнувајќи од почетокот на месец јануари до крајот на месец март од 2016 година.

 

НАЈМНОГУ ЕМИСИИ И ГОСТИ НА „КЛИК ПЛУС“

Во емисијата „Зиг заг“ на ТВ „Арт“, во трите месеци се одржале 12 дебати. Доминираат политички аналитичари. Вкупно учествувале осумнаесет аналитичари, а ист аналитичар – Милаим Фетахи бил во неколку емисии. Потоа следуваат претставниците од политичките партии. Трипати имало гости од ДУИ, двапати од ДПА, по еднаш имало претставници од СДСМ, Алијансата за Албанците, Движењето Беса, Унитети и поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

„Зиг заг“ – 12 емисии zig zag tv art

18                           Аналитичари

3                              ДУИ

2                              ДПА

1                              СДСМ

1                              Алијанса за Албанците

1                             Движењето Беса

1                              Унитети

1 Претседател на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Во „Патот кон“ на „Алсат М“ се одржале 14 дебати. Имало десет пати претставници од ДУИ, десет пати биле поканети поранешни вработени во јавни институции, раководители на новинарски организации и политички прогонетите и аналитичари. Четири пати биле присутни претставници од СДСМ, три пати од ДПА, два пати од Движењето за реформи во ДПА, два пати биле претставници од Движењето Беса, по еднаш биле членови на ДИК, НДП, претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, и Сулејман Реџепи, поглавар на ИВЗ.

„Патот кон“ – 14 емисииarta tahiri alsat

10                           ДУИ

10                           Експерти

4                              СДСМ

3                              ДПА

2                              ДР ДПА

2                              БЕСА

1                              ДИК

1                              НДП

1 Претседател на Либералната партија, Ивон Величковски

1 Претседател на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Во емисијата „Новиот пат“ на Телевизија „Шења“, во 11 емисии, дебатирале пет аналитичари, пет претставници на СДСМ, двајца новинари, двајца претставници на граѓанскиот сектор, по еднаш гостуваа поранешни политичари, пратеници, поранешниот шеф на УБК, членови на ДИК, претставници на Македонската православна црква и Зијадин Села од ДР-ДПА.

„Новиот пат“ – 11 емисииRRuga_e_re

5                              Аналитичари

5                              СДСМ

2                              Новинари

2                              Граѓански сектор

1                              Поранешни политичари

1                              Пратеник

1                              Член на ДИК

1 Претставник на Македонската православна црква 

1 Поранешниот директор на УБК

1 Зијадин Села од ДР-ДПА

Во „Клик плус на ТВ 21 за три месеци се одржаа 26 емисии. Гостуваа седумдесет и два експерти и аналитичари од одредени области, при што нагласуваме дека форматот на оваа дебатна емисија е со најмалку двајца редовни политички аналитичари во секоја емисија. Седумнаесет пати имаше гости од ДУИ, десет пати од ДПА, од СДСМ имаше еден гостин – Едмонд Адеми, претседателот на ЗНМ гостуваше два пати, два пати имаше гости од ДР-ДПА и еднаш од Движењето Беса.

 „Клик плус“ – 26 емисииklik plus tv21

72                           Експерти

17                           ДУИ

10                           ДПА

2                              ДР-ДПА

1                              Беса

1                              СДСМ

2                             Претседател на ЗНМ

 

ОДГОВОРНИ ПАРТИИ ДЕБАТИРААТ

Новинарите велат дека овој феномен е резултат на соработката на партиите со медиумите, дискутирајќи ја дури и листата на гости во емисии и противниците на дебата. Според Џелал Незири, јавната активност што ја вршат партиите ги обврзува да бидат транспарентни и да ги соочат ставовите со противниците. Дебата е суштината на демократијата, која самите партии треба да ја негуваат. Но, според него, кај нас се случува спротивното, поради недостиг од демократска или дебатната култура. Бегањето од дебатата, според него, може да се толкува како страв од вистината.

Xhelal-Neziri„Во најголемиот дел од дебатите по провладините медиуми, се води сметка да се поканат само тие што ја поддржуваат власта. Иако се покануваат дискутанти што имаат независни ставови, се води сметка да имаат што помалку простор да ги изразат тие ставови. Парламентарните албански партии изгледа не се подготвени да дебатираат со новите политички иницијативи. Вака, ДУИ и ДПА прифаќаат дебати само меѓу себе, но не и со партиите Беса, ДР-ДПА, НДП, Унитети или ПДП. Ги сметаат за мали партии, иако во дебата се важни идеите, а не бројот на гласови“.

 

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, вели дека бегањето од дебата покажува дека тие партии не ги претставуваат граѓаните и затоа немаат потреба да дадат отчет пред нив.

 naser selmani„Избегнувањето на дебатата од режимските партии, ДУИ и ДПА, е најдобриот доказ што го отсликува нивниот недемократски карактер. Овие партии не се формирани за да промовираат политички идеи, туку дејствуваат како криминални структури во служба на режимот и на тесните клански и индивидуални интереси. Бегањето од дебатата покажува дека тие не ги претставуваат граѓаните, затоа немаат потреба да дадат отчет пред јавноста. Овие партии приложуваат одговорност пред нивните патрони од режимот и разните центри со влијание во системот“.

Селмани потоа вели дека за да се има една здрава дебата и со аргументи, треба првин партиите да се демократски во суштина, а не да се контролирани од режимот.

За професорот на Високата школа за новинарство, Игор Мицевски, непродуктивната дебата, но и контролата на власта врз традиционалните медиуми, се вистина со која Македонија живее со години и ова особено се докажува со извештаите и со критиките од меѓународните организации.

„Недостигот од вистинска дебата кај медиумите во Македонија целосно ја тривијализира јавната сцена. Сега може слободно да се каже дека сферата каде што би имале можност да го создадеме јавното мислење, не постои во целосна смисла на зборот. На дополнителен начин, политичкиот плурализам е загрозен, што значи дека на акIgor-Micevskiтерите во општеството не им е доволен соодветниот пристап до традиционалните медиуми. Не станува збор само за партиските или политичките актери, вклучувајќи ги овде и „малите“ партии, но, општо, на граѓанските иницијативи, на кои не им се дозволува да процветаат во размената на разумни аргументи. Ова ограничување и популистичко давење на разумната и аргументирана дебата значи дека граѓаните не можат да донесат одлуки, претходно добро информирани за сите општествени и политички прашања“.

Тој смета дека на граѓаните им се крати правото на демократија. Потсетува дека „Фридом хаус“ во последниот извештај ја тргна Македонија од листата на држави кои минимално ги исполнуваат условите за да се наречат изборни демократии. „Колонизацијата на традиционалните медиуми мора по секоја основа да се дестабилизира“, изјави Мицевски од Високата школа за новинарство.

Новинарите имаат и предлози како да се подобри климата на политичката дебата.

Џелал Незири: „Дебатата треба да биде отворена, аргументирана и инклузивна. Медиумите не треба да ги прифатат условите на партиите што им штетат на дебатите и им оневозможуваат на гледачите на имаат пристап до вистината“.

Насер Селмани: „Слободните медиуми треба да направат повеќе за да ѝ покажат на јавноста како треба да изгледа вистинска и добро структурирана демократска дебата, каде се соочуваат разните идеи и политички опции со аргументи“.

 

ОТСУСТВУВА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР

Од сето ова што го кажавме во оваа анализа за квалитетот на телевизиската дебата, од статистиките и од ставовите на добрите познавачи на медиумските прашања, можеме да дојдеме до заклучок дека во Македонија на плуралистичката дебата ѝ треба уште многу време за да се развие. Нема многу застапеност на мислењата од граѓанскиот сектор, но има многу мислења од вонпарламентарните партии и нема доволно дебати од типот власт – опозиција и лидер – лидер.

Но, исто така, треба да се земе предвид дека македонската партија на власт ВМРО-ДПМНЕ уште одамна многу ретко прифаќа да се појави на дебата во некоја од телевизиите кои не се под нејзина контрола. По сè изгледа, во последно време слична е ситуацијата и кај албанската партија на власт ДУИ, затоа што, на пример, на телевизијата „Шења“ која има критички став кон партиите на власт, ниту еден од претставниците на ДУИ не прифатил да гостува во дебата ниту, пак, да даде изјава. Таквиот бојкот покажува дека власта на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ не охрабрува плурализам на мислења и одбива дебата со луѓе што не им одат во прилог. Ова го отежнува и го искривува целото информирање на граѓаните во Македонија.

Идеалното решение би било да се почитуваат основните демократски стандарди за една здрава и плуралистичка дебата. Иако е тешко, треба да се земе пример од основоположниците на вистинското телевизиско новинарство, што сите ние и целиот свет ги учи во воведите на новинарските студии. Присуството на дебата на националните телевизии радува, меѓутоа треба уште да се работи на зголемување на нејзиниот квалитет и воопшто на нејзината култура, и особено кај тие што имаат одговорност повеќе, како платени функционери со парите на народот.


Оваа анализа е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Анализата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на анализата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Претплатете се за најнови вести