verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не ја омажил Груевски, сама се омажила

on 17 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Премиерот Груевски ја омажи најмладата пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ]

 

Постојат повеќе теории што ја објаснуваат преовладувачката тривијализација на медумите и на медиумските пораки. Една од нив е „Теоријата на недоверба во политиката и политичарите“ (Таблоидизација: ММЕ кој прв почна?). Таа теорија сугерира дека токму тие се одговорни за таблоидизацијата на медиумите и на медиумските содржини. Нискиот степен на доверба во политичарите ја сврте публиката кон други теми. Тоа е една реактивна постапка, бидејќи кога политичарите видоа дека недовербата во нив се зголемува, со политички притисок врз сопствениците на медиумите го пренасочија вниманието на публиката од нивната некомпетентност на таблоидните содржини.

Политичарите, ова пренасочување на публиката кон тривијалните содржини, го видоа како шанса за промоција и тие се сега многу поактивни во споделувањето на еден сериозен дел од својот приватен живот со публиката, која тие ја гледаат единствено како електорат. Заради тоа, сега имаме многу поголема холивудизација на изборните кампањи што, секако, е дел од таблоидизацијата на медиумите.

06162015-Vecer-SvadbaЛинк до оригиналниот напис: Премиерот Груевски ја омажи најмладата пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ

Датум и време на објавување: 14.06.2015 – 21:40

Датум на рецензирање: 16.06.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Медиумската содржина најбрутално го потврдува претходното за таблоидизацијата и за тривајализацијата на медиумите и на медиумските информации.

Еден крајно приватен настан е ставен во пропагандно-политички контекст кој, токму заради таа узурпација на приватното, оддава сериозен медиумски и политички невкус.

Еве, да почнеме од насловот. Дури и да е на шега, оваа медиумска свадбена турлитава, не може да си дозволи наслов кој е категоричен дека „Груевски ја омажи најмладата пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ“. Таа самата се омажила, или, во подобра традиционална варијанта, татко ѝ и мајка ѝ ја омажиле.

Зашто, ако Груевски ја мажи, дали тоа значи дека тој, по партиско-лидерска задача, почнал да го организира и овој дел на приватноста на членовите на ВМРО-ДПМНЕ? Нели може да се запраша некој читајќи ја оваа медиумска каша.

Уште повеќе можеме да поверуваме во оваа содржина зашто „најмногу се радувале и веселеле партиските другари на невестата…“ Ајде, ви се молам… И пропагандата треба да биде со усул.

Велам, турлитава, зашто, во обидот да ја извлечат приказнава од тривијалност, авторот и уредникот пронашле некакви податоци за најмладите пратеници во неколку европски парламенти. Која биле идејата којзнае, зашто наместо да ја оправдаат својата намера, тие дополнително ја заплеткале.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести