verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Tенденциозен и шпекулативен материјал кој ја дезинформира јавноста

on 17 - 06 - 2015       

 

 

[Рецензија: Бомба: На повидок голем урбанистички скандал во Центар?]

 

Станува збор за тенденциозен и шпекулативен материјал кој ја дезинформира јавноста дека Општина Центар подготвува скандалозни измени на деталниот урбанистички план (ДУП), со кои, наводно, на местото на пазарот Буњаковец ќе никне бензинска пумпа. Текстот е воден од идејата да се оцрни опозицијата и градоначалникот на Центар и не нуди докази за урбанистичката „бомба“, која им се подметнува на читателите уште со  провокативниот наслов, независно што тој е завиен во прашална форма.

http___press24.mk_bomba-na-povidok-gЛинк до оригиналниот напис: Бомба: На повидок голем урбанистички скандал во Центар?

Датум и време на објавување: 13.06.2015, 14:39

Датум на рецензирање: 15.06.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ШПЕКУЛАЦИЈА КАКО СИГУРНА ИНФОРМАЦИЈА

Прашалникот на крајот од насловната конструкција не значи дека се имало некаква резерва во однос на искажаните наводи. Напротив, иако написот се базира на непотврдени информации, добиени од анонимни извори, тие се пласираат како сигурно точни.

Материјалот почнува во коментаторски манир, нижејќи обвинувања на сметка на градоначалникот на Центар, но и на лидерот на СДСМ, а се споменуваат и други личности од опозицијата и бизнисмени. Притоа, приказната се плете, држејќи само една страна. Од другата не е побаран став и покрај тоа што таа рафално се напаѓа за злоупотреби со деталниот план и за бизнис-зделки преку кои „ќе заработи огромни пари“.

Пишуван во таков дух и затскривајќи се зад параванот „наши извори“, написот тврди дека, наводно, „партиските извршители  во Општина Центар ревносно работат на планот за усвојување на неколку скандалозни ДУП-ови во кои се кријат опозициските бизнис шеми“:

„Еден од плановите кои треба набргу да се донесат е измена на ДУП-от Градска четврт 3 10 – локалитет Дебар Маало 1 и дел од Дебар Маало 2, каде што веке е испланирано на местото на пазарчето „Буњаковец“ да се изгради бензинска пумпа и затворен пазар кој треба да послужи како алиби…“

 

„… Веќе би направен „дил“ со кој по изгласувањето на измените на дупот од страна на Советот на Општина Центар, бензинската пумпа да му припадне на Штипскиот бизнисмен Мите Николов, познат како „Мите брилијант“, бизнисмен кој што отсекогаш важел за исклучително близок на СДСМ.“

 

ДЕМАНТ

А, докази за вистинитоста на ваквите тврдења, нема. Публиката треба да им верува единствено на доверливите, ама сигурни извори на неименуваниот автор.

Не се забележува ниту дека имало обид да се проверат информациите барем уште од еден извор или дека бил побаран коментар од Жерновски. Тој, пак, како што пренесоа дел од медиумите, ги отфрла обвинувањата:

„…како најгруба дезинформација и манипулација е  дека ќе се отстрани  пазарчето Буњаковец и на наместо тоа ќе биде изградена  бензинска пумпа.“ (0,12  минута од видеозаписот)

Исто така, Жерновски  вели дека центарци ќе одлучуваат за тоа што сè ќе има на локацијата (1,13 минута од видеозаписот) и демантира дека деталните урбанистички планови ќе се носат „за време на одморите кога ќе падне и интересот на јавноста“. 

„Јас нема да ги носам ДУП-овите во два во три часот навечер. Слушнав шпекулации дека намерно  ќе се гласаат ДУП–ови кои ќе бидат на дневен ред  во јули.  Сакам да соопштам дека овие и сите детални планови кои ќе бидат донесени на седницата во јули , ќе бидат  не десет дена  како што е законскиот рок, туку цели два месеца на јавна расправа…“ (од 1,29 до 1,53  минута од видеозаписот )

Инаку, претходно, некои медиуми пренесоа дека Жерновски и на „Фејсбук“ реагирал на обвинувањата на порталот за наводен урбанистички скандал:

„Интересно, како по правило, сите криминалци сметаат дека останатите се исти како нив. Две години, 24/7, упорно и упорно барате афери и скандали во општина Центар. Формиравте во министерствата посебни екипи за таа намена… па пак ништо“

 

НАВОДНА ЗАГРИЖЕНОСТ

Текстот што го рецензираме, очигледно, немал намера да се занимава со вистината и искрено да ја алармира јавноста, доколку, навистина имало некави сознанија дека Општина Центар подготвува терен за изградба на бензинска пумпа кај пазарот Буњаковец.

Информации за сомнителни намери за наменско менување на деталните урбанистички планови, заслужуваат внимание. И, несомнено дека евентуалниот потег во тој правец треба да се проблематизира во јавноста.

Меѓутоа, еден професионален пристап подразбира приказната да се прикаже од сите агли, со вклучување на сите инволвирани страни. А, во овој материјал не изгледа дека е во прашање загриженост за уништувањето на тој дел од централното градско подрачје и заштитата на јавниот интерес. Тој многу повеќе личи како да е инспириран од некој политички центар. Ваквиот впечаток дополнително се засилува со истовременото појавување на вакви текстови во повеќе медиуми.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести