verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Насловот на веста треба да соодветствува со содржината

on 18 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Shqip Media - A e bllagosllovi Reisi ne iftarin luksoz Levizjen Besa

[Рецензија: Дали Реисот го „благослови„ луксузниот ифтар на Движењето Беса?]

 

Насловите во новинарството имаат цел да привлечат читатели. Колку поинтересен наслов, толку повеќе внимание им се посветува на новинарските продукти. Но, тоа секогаш треба да биде засновано на точна информација. Сензационалноста и надувувањето не се во согласност со новинарските стандарди.

Shqip Media - A e bllagosllovi Reisi ne iftarin luksoz Levizjen BesaЛинк до оригиналниот напис: Дали Реисот го „благослови„ луксузниот ифтар на Движењето Беса?

Датум на објавување: 12.07.2015

Датум на рецензија: 13.07.2015

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Насловот на написот што го рецензираме, „Дали Реисот го ‘благослови’ луксузниот ифтар на Движењето Беса?”, (во кој има и еден македонски збор („благослови“) ставен во наводници, кој слободно би можел да биде и на албански – „бекои“) претставува јасна тенденција против наведената политичката партија. Самиот факт што на крајот на насловот има и знак прашалник, нè тера да мислиме дека содржината на текстот нуди одговор на прашањето што самиот автор го поставил.

Меѓутоа, не. Содржината на веста е еден препишан текст, од збор до збор, од официјалната страна на Исламската верска заедница на социјалната мрежа „Фејсбук“, каде што се дадени детали околу овој настан, меѓутоа не се спомнува „благословување“ на присутните, а уште помалку благословување на политичкиот субјект кој е наведен во насловот.

Насловот или најавата на прилогот мора да биде ускладена со неговата содржина – се вели но Новинарскиот кодекс на Македонија.

Новинарот направил уште едно прекршување на Новинарскиот кодекс, кога не го цитирал изворот од каде го препишал текстот и го прикажал како свое оригинално дело.

Доколку информацијата е преземена или парафразирана од друг медиум, авторско дело или истражување, изворот мора да биде наведен, во спротивно станува збор за плагијатор, а не за новинар –  се вели во Новинарскиот кодекс.

На крај, веста е проследена со една видеоснимка која е надвор од контекст и на читателот не му се објаснува зошто содржината на оваа снимка има врска со текстот и која е целта што таа е ставено во веста. Додека во текстот (кој е авторско дело на ИВЗ), се промовираат активностите на ова институција, видеозаписот има спротивна цел, да се стави претседателот на оваа институција во една друга перспектива, воспоставувајќи една индиректна (и нејасна) врска со насловот на веста.

 

Од Сервисот за проверка на фактите во медиумите на албански јазик.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести