verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Непроверените информации го дезориентираат читателот

on 18 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: СДСМ, сепак ги стопира „бомбите„?]

 

Непроверените информации имаат негативно влијание врз медиумите, бидејќи читателот ја губи довербата. Читателот бара точни вести, а не непроверени или дискутабилни информации. Информацијата секогаш треба да биде точна, балансирана, и проверена.

aktualemk

Линк до оригиналниот наслов: СДСМ, сепак ги стопира „бомбите„?

Датум и време на објавување: 11.07.2015

Датум на рецензија: 12. 07. 2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Не е грешка медиумите да преземаат вести едни од други, но притоа тие секогаш треба да бидат цитирани. Заради јавниот интерес, една вест која ја објавува едeн медиум, се пренесува и од другите. Меѓутоа, кога развојот на настаните има брза динамика, а особено кога за еден настан има неколку варијанти, медиумот пред да ја објави информацијата треба да направи повторнa проверка.

Веста што ја рецензираме е преведена од дневниот весник на македонски јазик – „Дневник“. Во информацијата се претпоставува дека Заев нема да продолжи со објавување на „бомбите“ врз основа на неговото однесување во последно време.

„Но, иако уште во вчерашните рани утрински часови високи партиски функционери и членови на партијата ја најавија прес-конференцијата на Заев на своите фејсбук-профили како бомбастична, во текот на денот во СДСМ, но и во т.н. камп на слободата, од каде што исто така се објавуваа снимени разговори, ништо не се случуваше, пишува „Дневник“.“

Меѓутоа, претпоставката на тоа што го пишува „Дневник“ не е проверена. Во веста нема ниту изјава од Заев или од неговата партија, за тоа што е пренесено од дневниот весник „Дневник“, а потоа пренесено овде.

Од друга страна, за еден друг медиум, „Капитал“ (Каpital.mk), лидерот на СДСМ го потврди тоа што го имаше изјавено на својата последна прес-конференција, дека нема да престане со објавување материјали против актуелната влада или таканаречени „бомби“.

„Ќе дејствуваме летово со сите демократски средства, ќе објавуваме нови материјали од проектот „Вистината за Македонија“, а со доаѓањето на есента очекуваме сето тоа целосно да се интензивира.“

Кога во јавноста кружат неколку варијанти за еден настан, пред да се објават, тие треба повторно да се проверат. Уште повеќе кога информациите се преземаат од друг медиум, а истовремено кога динамиката на развојот на настаните може да биде многу брза.

 

Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести