verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Насловот „крвав“, читателот измамен

on 2 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

sitel

[Рецензија: Крв на скопските улици: 35 лица завршија во болница]

 

Кога ќе се прочита наслов како овој на прилогот што го рецензираме, прва асоцијација кај секој читател, гледач, би била дека медиумот известува за некоја голема несреќа што се случила во Скопје, факт кој неминовно би вознемирил, загрижил, растажил, односно би предизвикал негативни чувства. Но, кога ќе се прочита целиот напис под ваквиот наслов и ќе се дознае дека, всушност, се работи за прераскажан билтен на сообраќајната полиција на СВР Скопје за изминатиот викенд и дека во него станува збор за збирна информација за сообраќајни инциденти со лесни последици – лица со лесни телесни повреди, помала материјална штета, како и поминувања на црвено светло, неврзан сигурносен појас и користење мобилен телефон, читателот се чувствува измамен, изигран. Првата асоцијација тогаш е – револт поради обидот за манипулација со чувствата на тие што овој наслов ги вознемирил.

Рецензија: Насловот крвав, читателот измаменЛинк до оригиналниот напис: Крв на скопските улици: 35 лица завршија во болница

Датум и време на објавување: 31.10.2016, 10:03

Датум на рецензирање: 2.11.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

 

КАДЕ Е КРВТА ОД НАСЛОВОТ?

„Триесет и пет лица се полесно повредени во 16 од вкупни 39 регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите три дена на подрачјето на Скопје. Деветнаесет сообраќајки се материјална штета“. 

Ова е главата на веста и таа јасно кажува дека станува збор за сообраќајни инциденти со лесни повреди, кои обично се третираат со преврски и со помали медицински интервенции. Под лесни повреди вообичаено, во полицискиот и во правниот речник се подразбираат нагмечувања, подливи и модринки, полесни облици на потрес на мозок.

А, ова е, пак, останатото „салдо“ од 39-те сообраќајки на скопските улици:

„Во текот на изминатите три дена  сообраќајната полиција, санкционирала осум возачи кои  возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, девет поминале на црвено светло на семафор и 17 возачи кои за време на управување на возилото не користеле сигурносен појас или го користеле мобилниот телефон“.

Очигледно е дека од најавата за некаква „крв до колена“, за среќа, нема ништо. Единствената „жртва“ во овој случај е вистината. И веродостојноста на медиумот кој вака се поигрува со читателите, односно гледачите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

во насловот

во насловот

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести