verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

И коментарот и иронијата подлежат на новинарски стандарди

on 2 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-101-a-kane-ngelur-15-mije-aktiviste-te-_-http___www-fakte-net_a-kane-ngelur

 

Напис: Дали има 15 илјади „активисти“ на ДУИ, по сите неуспеси на кланот од Зајас?

„15.000 активисти се сосема подготвени да ги следат насоките и препораките на централниот изборен штаб и на лидерот Али Ахмети“, нагласи шефот на изборниот штаб, Беким Незири, за време на откривањето на планот за почнување на предизборната кампања, пренесува „Факте“. Незири истакна дека „судирот меѓу македонските субјекти покажува дека ДУИ води европска политика и тие ќе продолжат во таа насока.

Но, дали навистина има 15.000 Албанци што имаат толкава мака да ги слушаат наредбите на Беким Незири и на кланот од Зајас, по сите неуспеси на оваа партија?!

Афери, скандали, корупција, организиран криминал, злоупотреба на власта, послушност кон македонскиот партнер, продажба на националната кауза, осиромашување на Албанците, нивно масовно протерување од земјава, понижување, непочитување, тероризирање, монтирања, убиства, доживотни робии…

Албанците во Македонија денес се во помизерна состојба од кога било порано, но дали е толку лошо што се обврзани да се подредуваат по наредбите на Беким Незири и на кланот од Зајас?!

Денес Албанците носат одлука дали ќе ја продаваат својата и иднината на нивните деца за дневен интерес, дозволувајќи на овој начин неколку поединци да продолжат да се збогатуваат со нашите пари, истовремено убивајќи ни ја слободата. ФАКТЕ.нет

 

[Рецензија: „Дали има 15 илјади „активисти“ на ДУИ, по сите неуспеси на кланот од Зајас?“]

Овој напис спаѓа во категоријата текстови чија цел не е информирање на јавноста на објективен и балансиран начин, туку дискредитација на еден субјект, со лични и со субјективни проценки од самиот автор.

fakte_15-aktivist-bdi2Линк до оригиналниот напис: „Дали има 15 илјади „активисти“ на ДУИ, по сите неуспеси на кланот од Зајас?

Датум и време на објавување: 24.10.2016

Датум на рецензирање: 27.10.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Пред неколку денови, за време на првите активности на активистите на ДУИ околу изборниот процес, шефот на штабот Беким Незири ја даде оваа изјава:

„15.000 активисти се сосема подготвени да ги следат насоките и препораките на централниот изборен штаб и лидерот Али Ахмети“, нагласи шефот на изборниот штаб, Беким Незири, за време на откривањето на планот за почнување на предизборната кампања, пренесува „Факте“. Незири истакна дека судирот меѓу македонските субјекти покажува дека ДУИ води европска политика и тие ќе продолжат во таа насока.“

Изјавата на Беким Незири не е земена како цела и е третирана од друг агол. Ова е прифатливо. Но, не е прифатливо да даваш свои заклучоци и мислења како новинар во информативна содржина, без барем да се праша споменатиот субјект дали навистина е така. Исто така, не е прифатливо новинарот да ѝ даде на изјавата друга конотација или контекст, искривувајќи ја истата.

„Но, дали навистина има 15.000 Албанци што имаат толкава мака да ги слушаат наредбите на Беким Незири и на кланот од Зајас, по сите неуспеси на оваа партија?!

Афери, скандали, корупција, организиран криминал, злоупотреба на власта, послушност кон македонскиот партнер, продажба на националната кауза, осиромашување на Албанците, нивно масовно протерување од земјава, понижување, непочитување, тероризирање, монтирања, убиства, доживотни робии…“

Во текстот се тврди дека Албанците не треба да го продадат својот глас. Оставајќи, притоа да се сфати дека ова е направено порано, но не се кажува кога, каде и како се констатирало ова. Потоа, се продолжува со тврдењата дека „Албанците во Македонија денес се во помизерна состојба од кога било порано…“ а „некои поединци продолжуваат да се збогатуваат со нашите пари, истовремено убивајќи ни ја слободата“.

ЕТИЧКИ КОДЕКС:

Докажувањето и точноста на податоците се морален императив на новинарството, затоа новинарот е обврзан да ја докаже информацијата од што е можно повеќе извори, најмалку од два независни извори.

Новинарот треба да ја обезбеди „втората страна“, односно да им даде можност на двете засегнати страни во новинарскиот производ да го изразат својот став. Ова уште повеќе доаѓа до израз кога новинарот отвора сомнежи или обвиненија или кога некој е предмет на напад или критика. 

Обврска на новинарот е да се стави на страна на јавноста, населението и на нивните интереси. Да спречи злоупотреби и прекршувања на нивните права, информирајќи јавно за нив и обврзувајќи ги „злосторниците“ да приложуваат сметка пред јавноста. Но, ова не е толку лесно. Треба да се направат истражувања, треба да се изнесат на виделина злоупотребите со факти, со цитирања на експерти од областа и барајќи сметка и од лицето или субјектот, на кое се однесуваат обвиненијата.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести