verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Не за неказнивоста!“ – ИФЕКС го одбележува 2 ноември со кампања

on 2 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

На 2 ноември се одбележува Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста* за злосторства против новинари, воведен со Резолуцијата на ООН од 2013 година. Во моментов, 9 од 10 случаи на убиства на новинари во светот се со статус нерешени и поминуваат неказнето. Ова води кон култура на неказнивост во која критичките гласови се замолчени, а на граѓаните им се ускратени точни информации за општествата во кои живеат.

Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста е клучен момент за подигнување на глобалната свест за влијанието на неказнивоста врз слободата на изразување и за мобилизирање акција за правда.

Годинава, ИФЕКС ја спроведува кампањата „Не за неказнивоста“, која ги одразува тековните напори да се зголеми политичката волја на државите да ја прекинат неказнивоста, и тоа не само за злосторствата против новинарите, туку и против уметниците, активистите, блогерите и другите што го применуваат своето право на говор. Посебен акцент оваа година се става на случаите на Ебрима Мане и на Муса Саидкјан од Гамбија, Хинет Бедоја од Колумбија и на Шан Дахар од Пакистан.

VectorLogo_3_single

Потребна ни е Вашата помош да ја прошириме пораката дека злосторствата против слободното изразување мора да имаат последици и дека државите мора да се повикаат на одговорност кога вакви злосторства се вршат во рамки на нивните граници. Да работиме заеднички кон свет без неказнивост. Помогнете ни да го прошириме гласот преку:

  • Користење на хаштагот „Не за неказнивост“, на англиски #NoImpunity;
  • Користење на логото против неказнивост како ваша слика на профили на социјални медиуми (No Impunity logo);
  • Следење и промовирање на нашата веб-страница ifex.org/noimpunity од 2 ноември.

Користејќи го меѓународниот ден како основа, барајте одговорност и отчетност. Нашето право на слобода на изразување и на информираност зависи од тоа!

За повеќе информации за тоа како да се одбележи Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста, посетете ја наменската веб-страница на УНЕСКО.

 

Извор: IFEX. (18.10.2016). Stories in the fight against impunity.

 

*Неказнивост: Кога заплашувањето, заканите, нападите и убиствата поминуваат неказнето, што создава клима на неправда и на несигурност за сите кои го применуваат правото на слобода на изразување.

 

Претплатете се за најнови вести