verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наслов како мамка за кликнување

on 13 - 11 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-126-СДСМ-услов--crop-resize

 

[Рецензија: Заради проектите и работата на Владата препорака – заради кризата креирана од СДСМ услов]

 

Во секој од медиумите (печат, радио, телевизија, интернет) постојат многу начини да се измами публиката. Најчестиот начин е манипулација со насловите. Во оваа рецензија ќе го анализираме начинот на кој медиумот преку насловот „Заради проектите и работата на Владата препорака – заради кризата креирана од СДСМ услов“ манипулира со читателите.

FireShot Screen Capture #126 - 'Заради проектите и работата на Владата препорака - заради кризата креирана од СДСМ услов IЛинк до оригиналниот напис: Заради проектите и работата на Владата препорака – заради кризата креирана од СДСМ услов

Датум и време на објавување: 10.11.2015 – 09:58

Датум на рецензирање: 12.11.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

АМНЕСТИЈА ОД ОДГОВОРНОСТ

Со оглед на тоа што извешајот на ЕК за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ беше објавен со јасно нагласен услов, а претходно, уште пред неговото објавување, амабсадорите на ЕУ и на САД јасно го посочија виновникот за кризата, беше неопходно во предвечерјето на опширните анализи, кои ќе уследат околу извештајот на ЕК, првиот негативен бран, ако не може да се запре, барем да се ублажи со вешта манипулација и актуелната власт да се амнестира од одгвороност и да се пофали дека „Заради проектите и работата на Владата добивме препорака“. Целата вина за условите, пак, кои треба да се исполнат до и за време на изборите во април идната година, да се префрли на опозицијата, односно на најголемата опозициска партија СДСМ, со таксативна квалификација дека: „заради кризата креирана од СДСМ добивме условна препорака“.

 

СЕЛЕКТИВЕН ИЗБОР

Текстот е базиран на агенцискиот извештај на МИА од Брисел, во кој, иако е направен крајно селективен избор на новинарска презентација на извештајот на ЕК, опозицискиот СДСМ никаде не е посочен како виновник за условената препорака, како што не е посочена ни актуелната власт за „постигнатите успеси“. Акцентот е ставен на јулскиот договор и на реформите што треба да се спроведат.

„За напредокот постигнат досега, спроведување на договорот од јули е важен и Европската комисија предлага отворање на преговори со Македонија под услов да се спроведе јулскиот договор и итно да се почне со реформските мерки препорачани од ЕК. Понатака со ова прашање ќе се бавиме по парламентарните избори на пролет идната година, соопшти Хан пред европратениците.“

 

CLICKBAIT НАСЛОВ

Во текстот нема ни еден аргумент кој би го оправдал насловот со кој се дискредитира опозициската партија. Така, наместо медиумот да креира подобра и поквалитетна аргументирана содржина поврзана со извештајот на ЕК, се одлучил за креирање на таканаречен clickbait наслов (наслов како мамка за кликнување), кој сè почесто го користат таблоидите во ситуации кога публиката треба да се изманипулира, запрепасти, изненади, уплаши, мотивира, воодушеви и да го преиспита сопственото мислење.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

и точни и неточни

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести