verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Напис темелен на графит, а графитот го нема!

on 15 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

netpres

 

Текстот што е предмет на оваа анализа нема никаква потврда за констатациите што ги изнесува. Написот тврди дека студентите му напишале графит на професорот по казнено право Гордан Калајџиев, но сликата која е објавена и која „глуми“ графит тоа не го покажува ниту, пак, „офарбаното“ може на кој било начин да се поврзе со професорот.

Студентите му порачаа на Калајџиев Не ме фарбај ФОТО NetPress NetPressЛинк до оригиналниот напис: Студентите му порачаа на Калајџиев: Не ме фарбај (ФОТО)

Датум и време на објавување: 08.06.2016, 19:48

Датум на рецензирање: 14.06.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

А КАДЕ ПИШУВА „НЕ МЕ ФАРБАЈ“?

„’Не ме фарбај’ му порачаа студентите на професорот Гордан Калајџиев кој учествува во таканаречената Шарена револуција. Денес тие ова му го порачаа со графит на неговата канцеларија“.

Иако се тврди дека на графитот, наводно, пишува „Не ме фарбај“, тоа не може да се забележи на сликата. Фотографијата изгледа како да е исечена на пола и се забележуваат само црвени линии, па од понудената слика не може да се заклучи што пишува, а уште помалку дека пишува „Не ме фарбај“.

Исто така, нема никаква потврда дека овој графит стои на канцеларијата на Калајџиев. Сликата не го докажува тоа ниту, пак, има каква било изјава што може да го потврди тоа. Без никаква потврда, напишаното „не држи вода“ и многу лесно може да станува збор за манипулација и за лага.

Како потврда за напишаниот графит, нема ниту една изјава од студентите кои, наводно, му го напишале графитот. Не е прецизирано за кои студенти се работи, кога го напишале ова и која била целта.

Во текстот недостига и изјава од професорот Калајџиев за да го потврди или демантира напишаното.

Освен тоа, во написот пишува дека Калајџиев на протестите  „се заканувал дека ќе паднат жртви“, но не е пренесена негова изјава или фрагмент од негово обраќање, за да се види кога и каде го кажал ова. Професорот се обвинува и дека „вандалски се однесувал“ на протестите и тоа „во име на партијата која 10 години е на опозиција“.

Меѓутоа, протестите -„Шарената револуција“,  не се организирани од СДСМ туку зад нив стои граѓанското движење „Протестирам“, а професорот Калајџиев не е член на најголемата опозициска партија, ниту некогаш изјавил дека на протестите присуствува како дел од некоја политичка опција.

Така што, на читателите им е понуден манипулативен производ што нема некоја допирна точка со новинарството и  многу повеќе наликува на наменска конструкција.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести