verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Холивудски штоф по македонски терк

on 15 - 06 - 2016       

rdetsen

[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: Катица Јанева и Фатиме Фетаи „летаат во аут“, Ленче Ристовска новиот адут на странците]

Сценарио како од „Династија“ – сплетки, интриги, афери, прељуби, политика, монтажи, дипломати, адвокати, обвинители… Убаво сиже, за филм… За  таблоид, можеби…  Ама, за веродостоен информативен производ, тешко, зашто недостигаат аргументи…

 rdetsenЛинк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: Катица Јанева и Фатиме Фетаи „летаат во аут“, Ленче Ристовска новиот адут на странците

 Датум и време на објавување: 13.06.2016

 Датум на рецензирање: 14.06.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ВИСТИНИТОСТА ПОД ГОЛЕМ ПРАШАЛНИК

Кажавме, холивудски штоф за македонски околности. Интересна приказна, нема што, „лепи“ кликнувања како мед пчели, ама прашањето е колку тоа што е пласирано е издржано, колку навистина е поткрепено со професионалните новинарски алатки? Одговорот е многу малку. Поточно, имаме четиво кое се темели на низа шпекулации чија вистинитост и веродостојност се тешко проверливи. Неколку примери:

„По неуспешните драматуршки изведби на Катица Јанева и Фатиме Фетаи, со кои наместо позитивен одзив кај граѓаните добија рекордно ниско ниво на недоверба на сите спроведени истражувања на јавното мислење, двете обвинителки заминуваат во историјата…“

„…Ексклузивно дознаваме дека странците веќе кренале раце од Јанева.“

„Освен Катица, странците решиле да расчистат и со Фатиме Фетаи. Имено, на странците им сметала нејзината нестручност и преизразен драматуршки ефект кој наместо да предизвика симпатии кај граѓаните, предизвикувало гнев и недоверба во институцијата.“

Можеби е така, не велиме не, но можеби и не е, зашто материјалот не нуди нешто посуштинско, нешто повеќе, некакво истражување кое во себе ќе го има предзнакот „новинарско“, за да нè увери, барем во нешто, дека станува збор за веродостојно четиво.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно, е наведено во  член 1 од Кодексот на новинарите.

 

„ДИНАСТИЈА-МОМЕНТИ“

Впечатокот е дека се работи за гола шпекулација, а овој збор неколкупати се користи и во самиот текст што значи дека не крие дека се темели баш на чаршиски муабети и на шпекулации, дополнително зачинети со „Династија-моментите“, кој со кого бил, што правел….

„…Странците и забележале и на аферите во врска со нејзиниот приватен живот кои не доликувале на обвинителската функција. Во јавноста сеуште се шпекулира дека Фатиме на функцијата специјален јавен обвинител има дојдено благодарејќи на нејзината интимност со Гаврил Бубевски, исто така обвинител во СЈО кој меѓу другото служи и како курир помеѓу Заев и Катица Јанева.“

Некој со „ламба“ да не им светел на луѓево? Нормално, како во секое добро „филмувано“ текстче, мора и прељуба да падне, по можност со љубоморен маж во игра.

Да не го заборавиме спинот, се прави обид да се претстави дека идејата за „смена“ на Јанева од челото на СЈО наводно била и поради незјиниот слаб рејтинг. Но, последното истражување на ИРИ покажува дека за неа 49 отсто од испитаниците искажале позитивно мислење, најмногу од сите други споменати личности.

Во сликата за непрофесионален и тенденциозен напис се вклопуваат и формулациите кои се несоодветни за каков било медиумски производ, кои упатуваат на тоа дека станува збор за наменски текст што треба пред јавноста да ги омаловажи најекспонираните лица на СЈО.

„На сцена ќе стапи девојката која обожува да се шета во машко друштво по недопрената Македонска дивина.“

Не недостигаат ниту коментарите кои сакаат да пренесат впечаток дека СЈО е нечија „марионета“. Тоа е забележливо во делот каде се споменува престојот на една од обвинителките во САД:

„Сепак, нејзините ментори од САД очекуваат дека по нејзинито враќање во Македонија ќе повратат и дел од нејзиниот кредибилитет и интегритет меѓу јавноста, а со тоа ќе и отворат простор за таа да расчисти со Катица и Фатиме, кои дефинитивно одат во „аут“, на барање на „странците“.“

И капак на сè е монтираната видеоснимка од јавните настапи на Јанева.

Гем – сет – меч, во негативна смисла.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести