verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Накалемен сензационален наслов за повеќе кликнувања

on 5 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

vecer-mk_sport_site-shokira

[Рецензија: Шокирани: Еве кој го издаде семејството Шумахер!]

 

Наш читател ни предложи да направиме рецензија на овој текст, бидејќи, како што посочува самиот:

„Насловот имплицира дека во текстот ќе се открие личност, додека во текстот пишува дека станува збор за непознато лице. Очигледно наслов за лов на кликнувања и ништо повеќе“.

shokirani-eve-koj-go-izdade-semejstvoto-shumaher-vecherЛинк до оригиналниот написШокирани: Еве кој го издаде семејството Шумахер!

Датум и време на објавување: 22.12.2016

Датум на рецензирање: 05.01.2017

Рецензент: Ана Анастасовска

 

„ШОКОТ“ ОД НАСЛОВОТ ГО НЕМА ВО ТЕКСТОТ

Неговата забелешка е на место и токму затоа го прифативме неговиот предлог.

Имено, насловот на текстот е сензационален и навестува дека е познато лицето што на медиумите им нуди фотографии од Шумахер како лежи во болнички кревет. Сензационалноста оди дури дотаму што се нагласува дека семејството било шокирано од сознанието.

Ваквата насловна конструкција (насловот и наднсаловот), ја буди љубопитноста кај читателот  да ја отвори веста и да види за кого станува збор. Но тоа, за жал, во овој напис нема да го дознае. Впрочем, уште на самиот почеток на текстот се вели:

„Семејството на семукратниот светски шампион во Формула 1, Германецот Михаел Шумахер се уште ја нема пронајдено личноста која на медиумите им нуди фотографија од славниот возача, кој моментно се опоравува од тешката повреда на главата“.

Написот се побива самиот себе. Повеќе од јасно е дека не е откриена личноста што ги нуди фотографиите, туку направен е само профил на таа личност и тој профил го направиле медиумите врз основа на шпекулации и на претпоставки.

„Фотографијата ја има направено личноста на која семејството и верува. Тоа е некој што имал пристап во собата на Шуми. Времето ќе ја покаже вистината, дали фотографијата ја направил пријател, што е навистина грдо или пак некој од медицинските работници, пишуваат германските медиуми“.

Очигледно, целта на овој напис е, како што напишал и нашиот читател, да привлече што е можно повеќе кликнувања и со тоа да се крене рејтингот на читаност на веста. Ништо повеќе. Текстот не нуди никакви информации, нема наведено извори, ниту линкови од каде е преземена веста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести