verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Извртена изјава од Фрчкоски, претставена како став на СДСМ

on 5 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

oprtsd

[Рецензија: „План за живот“ на СДСМ: Затворање на факултети, бркање на студенти и професори на улица]

 

Манипулативен и едностран текст кој преку испревртување на фактите и додавање неточни информации, конструира една лажна слика преку која се наведува читателот да оформи негативен став за СДСМ.

plan-za-zhivot-na-sdsm-zatvoranje-na-fakulteti-brkanje-na-studenti-i-profesori-na-ulica-kurir-mkЛинк до оригиналниот напис: „План за живот“ на СДСМ: Затворање на факултети, бркање на студенти и професори на улица

Датум и време на објавување: 02.01.2017, 10:44

Датум на рецензирање: 04.01.2017

Рецензент: Симона Атанасова

 

МАНИПУЛАЦИЈА

Текстот свесно ја манипулира јавноста дека СДСМ, доколку дојде на власт, ќе ги затвори дисперзираните факултети, ќе ги избрка студентите и сите професори на улица:

„Илјадници семејства сè уште се сеќаваат на отказите и мачниот живот кој им го сервира оваа партија. А дека ништо не е променето и дека не учат од грешките во минатото, е фактот што нивните најголеми „експерти“ и професори кои ги бранат нивните политики на граѓаните им соопштуваат што ќе ги чека доколку СДСМ дојде на власт“.

Текстот се повикува на изјава на професорот Љубомир Фрчкоски кој, инаку, нема апсолутно никаква функција во СДСМ туку говори во свое име како професор на Правниот факултет. Не може и не смее сè што тој кажува да се земе како став на партијата во која некогаш бил функционер. Освен тоа, тој никаде експлицитно не вели дека треба да се затворат дисперзираните факултети.

 

ЛАЖНА  СЛИКА

Текстот уште во самиот наслов манипулира велејќи „План за живот“ на СДСМ, алудирајќи на партиската програма за предвремените избори на 11 декември наречена „План за живот во Македонија“.

Во програмата на СДСМ никаде не се споменува затворање на дисперзираните факултети, туку дека ќе се преиспита квалитетот на тие студиски групи.

Во изборната програма на СДСМ – План за животот во Македонија, во категоријата образование се вели:

„На факултетите, ќе ги приспособиме образовните програми кон пазарот на трудот, со можност и за пократки студиски програми што овозможуваат практични знаења на дипломираните студенти.
Воведувањето на дисперзираните студии се покажа како целосно образовно промашување, спротивно на големината на вложените средства.
Ќе се преиспитаат начинот на финансирање на високото образование и квалитетот на дисперзираните студиски групи. Предлагаме нов начин на управување со универзитетот, што ќе доведе до поефикасен и потранспарентен универзитет.
Низ призмата на овие стандарди, ќе се преиспита квалитетот на дисперзираните студии и на приватните универзитети, како и нивната општествено-економска оправданост и потреба“.

Во овој новинарски напис воопшто не се почитуваат етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите. Наместо точно, проверено и објективо да ја информира јавноста, овој пропагандистички текст ја искривува вистината и ја манипулира читателската публика.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести