verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

На лагата ѝ се кратки нозете!

on 9 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

 

republika

[Рецензија: Соросовиот „Либертас“ со уште една тешка лага: Книгата на Трамп јавно достапна, ја има во „Сити мол“ во Скопје]

Написот што го рецензираме, брзајќи да го одбрани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и да нападне друг медиум, нагласувајќи дека е „Соросов“, не обрнал внимание на тоа што го пишува и на фактите што им ги нуди на читателите.

sorosoviot-libertas-so-ushte-edna-teshka-laga-knigata-na-tramp-javno-dostapna-ja-ima-vo-siti-mol-vo-skopje-republika-onlineЛинк до оригиналниот напис: Соросовиот „Либертас“ со уште една тешка лага: Книгата на Трамп јавно достапна, ја има во „Сити мол“ во Скопје

Датум и време на објавување: 05.01.2017

Датум на рецензирање: 08.01.2017

Рецензент: Ана Анастасовска

 

Сакајќи да побие еден напис, текстот самиот напаравил голема грешка.

Имено, тенденцијата на написот се гледа уште во самиот наслов во кој се  нагласува дека „Соросовиот“ Либертас излегол со уште една лага во јавноста. Прво, се манипулира со тоа што се вели  „уште една лага“, а не се кажуваат кои се другите лаги кои, наводно,  ги објавил споменатиот медиум.

„’Либертас’ напиша дека книгата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „Повторно величествена“ ја нема во Скопје. Секако тоа е лага, бидејќи е јавно достапна во „Сити мол“ во Скопје, во „Арс студио“, кое се наоѓа на вториот кат во трговскиот центар. Од таму велат дека оваа книга од 200 страници е една од најпродаваните и чини 490 денари“.

Второ, веста што ја објавува „Либертас“ не е негова, туку е преземена од агенцијата „Мета“ и тоа јасно е наведено на „Либертас“, а има и линк до оригиналната вест, но тоа очигледно во овој напис не е толку важно. Иако веста на „Мета“ ја пренесоа и други медиуми, сепак написов одлучил да го нападне „Либертас дека лаже“.

Понатаму, веста на „Мета“, која ја презел и „Либертас“, не е лага. Оригиналната вест информира дека книгата од Доналд Трамп, која Груевски ја спомнал во интервјуто на „Република“, посочувајќи дека е последна книга што ја прочитал, ја нема во македонските книжарници.

Значи, ја нема во книжарниците, а не ја нема во Македонија, како што се нагласува во овој напис. Понатаму, написот ја побива веста на „Либертас“, посочувајќи дека книгата ја имало во „Арс студио“ во „Сити мол“. „Арс студио“ е издвачка куќа и едукативен центар кој нема свои книжарници во Македонија, туку има само една штанд-книжарница во „Сити мол“.

Целта на овој текст, очигледно е политички мотивирана и тенденциозна. Да се нападне и да се оцрни критички настроен медиум кон власта, без притоа да се обрне внимание на веста која тој медиум ја објавил и на фактите во неа. Во новинарството нема место за политички побуди, туку само за факти и за вистини кои се од интерес на јавноста.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести