verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Морбидна трка за пребројување на жртвите

on 9 - 08 - 2016       

naroden glas

[Рецензија: Бројот на жртвите во Стајковци и околината се искачи над 50]

 

Куса вест која заслужува и куса рецензија: веста е невистинита, непроверена и дезинформира, а ги нема ниту основните елементи што се неопходни за една вест.

Рецензија: Морбидна трка за пребројување на жртвитеЛинк до оригиналниот напис: Бројот на жртвите во Стајковци и околината се искачи над 50

Датум и време на објавување: 7.08.2016

Датум на рецензирање: 8.08.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

„Според информациите од терен кои ги добиваме дознаваме дека бројката на жртвите значително расти. Во овој момент бројката на жртвите погинати од невремето во Скопје и регионот изнесува околу 50“.

Пред сè, веста е неточна. Официјалните информации веќе во времето на објавување на оваа вест беа дека има околу 20 жртви на поплавите од 6 август. Не може да се потврди веродостојоста на наводите, а и самата вест се повикува на неидентификувани „информации од терен“, кои не се релевантен извор. Но, иако првата реченица содржи ограда дека тврдењето дека „расте бројот на жртвите“ се базира врз информациите од терен, во втората реченица категорички и без ограда се тврди:

„Во овој момент бројката на жртвите…изнесува околу 50“.

Ниту „веројатно“ ниту „се стравува дека“, туку „изнесува“, што е дезинформација. Истата дезинформација фигурира и во насловот, кој е сензационалистички и бомбастичен, а во основа и неточен.

Освен тоа, без оглед што се работи за вест која треба да информира за вонредна состојба, за кризна ситуација која е во тек и во која состојбите и податоците сè уште не се конечни, без оглед на брзањето да се објават понови и посвежи податоци за големата поплава што го зафати Скопје, веста не можеше и не смееше да биде објавена без одговорите на сите пет новинарски прашања: кој, кога, каде, како и зошто.  Кога било невремето во оваа вест не е наведено (вчера, вечерва, минатата недела, лани…), па во некое идно пребарување на архивата на вести оваа вест ќе го остави читателот збунет.

Брзоплетоста да се објави сензација во овој случај дејствувала морбидно, бидејќи изгледа како некој да се натпреварува со другите медиуми кој повеќе жртви на невремето во Скопје ќе преброи и ќе објави.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

невистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести