verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиум прогласен за виновен за непренесување бајати вести

on 10 - 11 - 2015       

Курир-Синиот-телефон-на-Телма-повторно-заѕвони-ВИДЕО-Press24-crop-resize

 

[Рецензија: Курир: Синиот телефон на Телма повторно заѕвони (ВИДЕО)]

 

Овој текст е уште еден во низата напади врз телевизија „Телма“. Последните недели оваа телевизија се најде на тапет на провладините медиуми, кои ја оцрнуваат и ја обележуваат како сдсмовска, која работи под директива на опозицијата.

Курир Синиот телефон на Телма повторно заѕвони ВИДЕО Press24Линкуван наслов на анализираниот напис: Курир: Синиот телефон на Телма повторно заѕвони (ВИДЕО)

Датум и време на објавување: 01.11.2015

Датум на рецензирање: 06.11.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Телевизија Телма, од вчера и официјално потврди дека нема намера да работи објективно и дека за неа не претставуваат вест проектите што ги реализира Владата на Република Македонија. За отчетноста на Владата, според Телма граѓаните не треба да слушнат, пренесе Курир.“

Уште во воведот од написот, новинарот ја става телевизијата на тапет, бидејќи немала намера да објавува вести за проекти на Владата, а како поткрепа на тоа наведува дека „телевизијата официјално потврдила“.

Она што внесува забуна во овој дел од написот е како тоа „Телма“ „официјално потврдила“ дека нема намера да работи објективно? Исто така, не е јасно на кои проекти на Владата се мисли. Што тоа толку важно се случило тој ден, а „Телма“ не го покрила? Ако имало некоја од оние рекламирачки посети каде министрите и премиерот имаат микрофон и одат во посета на локални проекти, ним и не им е место во дневник на национална телевизија.

„Тоа практично значи дека Телма го смета како неинтересно и неважно зголемувањето на пензиите за 5 проценти годинава, односно 70,3% проценти од 2006 година заклучно со октомври годинава. Телма смета дека за граѓаните е неважно да знаат за зголемување на социјалната помош или отварањето на илјадници нови работни места во индустриските зони.“

Зголемувањето на пензиите и на социјалната помош, како и отпишувањето на долговите на социјалните случаи се стари вести и тоа од пред еден месец, така што не се актуелни и нема потреба телевизијата да информира за бајати вести.

Во ред е секој да има свое мислење за некој медиум, за тоа како работи и што објавува, но таквото мислење може да се пренесе во форма на колумна или коментар. Вака пренесен написот, наликува на партиско соопштение кое има цел да напаѓа и да оцрнува друг медиум.

Според наводите на авторот на текстот, телевизијата требало да известува за „остварувањата на владата, а не за ветувањата на опозицијата“.

„Праксата да се дава приоритет на ветувањата, а да се игнорира остварувањето на тие ветувања, потсетува само на 15 Септември. Граѓаните кажаа што мислат за политиката „ќе вработиме по еден од секое семејство“.“

На кои ветувања се мисли тука и кој ги остварувал тие ветувања? Дали, можеби, новинарот мисли на тоа дека опозицијата ветувала, а Владата остварувала, па поради тоа телевизијата треба да информира за работата на Владата, а не за ветувањата на опозицијата? Значи, се напаѓа телевизијата дека не е објективна затоа што не информирала за бајати вести, а, од друга страна, не требало да информира за активностите на опозицијата. И каде е сега тука објективноста на новинарот?

Понатаму, за да биде нападот врз телевизијата уште посилен, имаме навраќање на стари теми и повторување, за да се убеди читателот во тезата на новинарот дека „Телма“ работела по налог на опозицијата.

„Телма неодамна се посрами и со објавување на невистинита и непроверена вест дека Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер наводно ја повлекол поканата за Премиерот Груевски, а срамот потоа кулминираше со необјавувањето на официјалните деманти.“

„Телма“ ги објави сите деманти и сите изјави од сите страни во однос на овој прилог, така што потсетувањето на него, и тоа по којзнае кој пат, претставува хајка. Задача на новинарот е да информира, а не да суди или да води политички битки.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести