verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Манипулација е кога новинарот намерно ги искривува изјавите

on 4 - 03 - 2020       

Илустрација

Цитатите во вестите се користат за да се дополнат и разјаснат истите, се користат како докази, клучни или дополнителни податоци, секогаш со цел соодветно информирање. Нивното искривување, погрешно толкување или манипулирање со цитатите не е толку тешко да се забележи колку и да камуфлира новинарот. Таква е веста што ја разгледуваме

Веста што се разгледува

Линк до оригиналниот напис: „Села сега излегува против Блерим Река и Самоопределување“  Sela tash del kundër Blerim Rekës dhe Vetëvendosjes

Датум на објавување: 21.01.2020

Датум на рецензија: 26.01.2020

Рецензира: Фатлуме Дервиши

Со „бомбастичен“ наслов и секако неочекувана информација, авторот на оваа вест веднаш привлекува внимание. Кој ги следел некои од политичките случувања во земјата, особено од претседателските избори во Македонија и наваму, знае дека Алијансата за Албанците и нејзиниот лидер Зијадин Села и Самоопределување и нејзиниот лидер Албин Курти биле во соработка и со јавна поддршка на платформите и политиките едни кон други. Села и неговата партија минатата година застанаа зад трката за претседател во С. Македонија на Блерим Река, а Курти често беше дел од кампањата. После сето ова, кога ќе го погледнете насловот „Села сега е против Блерим Река и Самоопределување“, се прашувате што се случило. Изјавата на Села е цитирана во целост и таа е, всушност, вели вака:

„… Јас лично го поддржав г-дин Курти да победи на изборите во името на промената што требаше да се случи таму. Морам да кажам дека не сум поддржувач на идејата г-дин Река да преземе министерски мандат во Косово. Бидејќи господинот Река заедно со мене, г-дин Гаши и г-дин Касами имаат многу што да направат тука. Г-дин Река отсекогаш имал своја јавна понуда затоа што ја збогатува политичката сцена овде во Македонија и треба да биде дел од политичкиот процес, важен овде во Северна Македонија и секако дека треба да биде и на списоците на пратеници“– го цитира авторот ставот на Села во текстот што го разгледуваме.

Од тоа што го рекол многу е јасно дека Села не излегол против Река. Неговиот став е дека тој повеќе би сакал Река да биде дел од политиката во земјата, заедно со споменатите тројца лидери. Се разбира, во овој случај, Села ги бранеше своите политички интереси, но не излегол против Блерим Река и Самоопределување.

Техники на манипулација

Авторот се обидел да се повикува на емоциите на читателите со „тенденција да употребува говор заснован на убедување наместо факти, за да предизвика емоции кај соговорникот“, пишува во Прирачникот на КриТинк, во делот на техниките за манипулирање во новинарството. Претставувајќи го Села како сега да е против Река и Самоопределување, тој ги поканува читателите да му судат врз основа на емоции, а не на факти.

За читателите

Намерните искривувања на изјавите, информациите и податоците за манипулативни цели се неприфатливи. Тие даваат друга насока кон објективни и реални информации. Ова ги остава читателите да бидат збунети, неинформирани и несигурни во што да веруваат.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести