verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Лажна вест е дека ковид-19 не е вирус туку бактерија

on 10 - 07 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија: КОВИД- 19 НЕ Е ВИРУС: ИТАЛИЈАНЦИТЕ ПРВИ ГО ПРОНАЈДОА ЛЕКОТ ЗА КОРОНАВИРУС?]

Текст што изнесува сериозни тврдења и обвинувања, а за возврат не нуди ниту еден релевантен извор кој може да го потврди напишаното. Ја манипулира јавноста со лажни вести дека ковид-19 е бактерија, а не вирус и дека Италијанците пронашле лек. Неточно, непрофесионално и неетички!

Линк до оригиналниот напис: КОВИД- 19 НЕ Е ВИРУС: ИТАЛИЈАНЦИТЕ ПРВИ ГО ПРОНАЈДОА ЛЕКОТ ЗА КОРОНАВИРУС?

Датум и време на објавување: 8.7.2020

Датум на рецензија: 10.7.2020

Рецензент: Симона Атанасова

Дека КОВИД-19 не е вирус туку бактерија не е нешто кое што може да се тврди туку така, а како извор на информацијата да бидат наведени „италијански лекари“. Кои се тие италијански лекари? Од која болница? Зошто ги нема нивните имиња и презимиња и цитати ако навистина откриле сензационална вест?

Прво целосно неточна е информацијата дека Светската здравствена организација препорачувала да не се вршат обдукции на оние кои што починале од коронавирус. Па оттаму, неточна е и информацијата дека италијански лекари не го почитувале глобалниот закон за здравство на СЗО и правеле обдукции.

Ова е еден вид бактерии …, засилена со 5Г електромагнетно зрачење, предизвикува воспаление и хипоксија !!!

Најпроблематично во целиот текст е да се тврди дека ковид-19 е бактерија, а не вирус, и дека ни помалку ни повеќе туку дека мобилната мрежа 5Г влијае на болеста. Ова е чиста небулоза! Нема никаков доказ, какво било истражување, ниту релевантен извор кој може да го потврди ова.

Доколку навистина стануваше збор за бактерија, а не вирус немаше да има епидемија и да бидат заразени толку многу луѓе. Не мора да сте медицинско лице за да знаете дека ваква голема трансмисија помеѓу луѓе предизвикуваат вирусите, а не бактериите. Исто така, нема никаков доказ дека 5Г мрежата било како влијае на вируси или бактерии.

Се тврди дека италијанското министерство за здравство ги сменило протоколите за третман против КОВИД-19. Вакво нешто не е соопштено ниту од министерството ниту од италијанската влада ниту има какви било објави на оваа тема во италијанските медиуми.

Што е вистината?

Ковид-19 е акутна вирусна респираторна инфекција предизвикана од SARS-CoV-2 вирусот. Се пренесува од човек на човек преку допир и преку капки на плунка или секрет од носот на заразена личност, кога таа ќе кивне или ќе кашла.

За разлика од бактериите, вирусите не можат да преживеат без домаќин бидејќи се репродуцираат само со нивно приврзување на клетките.

Повеќето вируси за разлика од бактериите, предизвикуваат заболувања и напаѓаат специфични  клетките. На пример, одредени вируси напаѓаат клетки во црниот дроб, респираторниот систем (како што е случајот со КОВИД-19) или крвта. Антибиотиците не се делотворни против бактерии.

Дека КОВИД-19 не е бактерија туку вирус објави и СЗО во посебниот дел на нивната веб-страница наменета за разбивање на митови поврзани со овој нов вирус.

Вирусот што предизвикува КОВИД-19 е од семејство на вируси наречени Coronaviridae. Антибиотиците не работат против вируси. Некои луѓе кои се разболуваат со КОВИД-19 можат да развијат бактериска инфекција како компликација. Во овој случај може да бидат препорачани антибиотици.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област. 

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести