verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не е точно дека „Брима Галуп“ не спровела анкета за рејтингот на партиите

on 8 - 07 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија: Брима Галуп воопшто не спровела анкета, СДСМ „води“ само на непостоечки анкети]

Написот што го рецензираме шири лажни информации, повикувајќи се на тврдења и изјави само од едната страна.

Линк до оригиналниот напис:Брима Галуп воопшто не спровела анкета, СДСМ „води“ само на непостоечки анкети

Датум и време на објавување: 06.07.2020

Датум на рецензирање: 07.07.2020

Рецензент: Ана Анастасовска

Текстот пренесува наводи кои новинарот Горан Момировски ги изнел во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија. Притоа, тој тврди дека „Брима Галуп“ воопшто не спровела анкета за расположението на гласачите пред изборите, поради што и во насловот на написот децидно се тврди дека „СДСМ води само на непостоечки анкети“.

Момировски стапил во контакт со директорот на Брима Галуп во Македонија кој демантира дека воопшто била спроведена ваква анкета.

„Нова ТВ објави анкета на Брима Галуп според која СДСМ и БЕСА се во предност, и тоа имаше некоја фантастична бројка од 6,2 проценти. Ако се следи законот според оваа објава на Нова ТВ против нив треба да биде поднесена соодветна пријава бидејќи не го почитуваат членот 73 од изборниот законик. Во оваа анкета нема кој е нарачател, ниту кој ја платил анкетата, ниту има колкав е примерокот, кој ја спровел анкетата, само вели Брима Галуп и другото пропаганда класична дека СДСМ и БЕСА заедно водат со 6,2 проценти. И сега доаѓаме до суштината на скандалот оваа анкета ја објавија вчера 20-тина медиуми, ние во објавата на веб сајтот на Алфа ја објавивме со што се повикавме на прците медиуми кои што ја објавија. Првите медиуми кои ја објавија беа А1 ОН, Локално, Центар, Бриф, еве НОВА ТВ и тоа сите ја објавиле практично во ист момент. Никаде нема детали. Денеска јас разговарав со човеко кој што во Брима Галуп е одговорен за истражувања, господинот Ѓорѓиј Кимов, претходно имав проблем да го најдам, се обидов да ја добијам канцеларијата на Брима Галуп каде никој не се јавуваше. Дури комуницирав со регионалниот директор на Брима Галуп во Софија кој што ми објасни дека се работи за локален проект и таму да ги барам одговорите. За на крајот со господинот Јакимов не можев да го добијам и тој ми напиша на Вибер, да каже дека анкета на Брима Галуп воопшто не била објавено“, рече Момировски.

Точно е дека во анкетата објавена првично на А1 он немаше наведено кога е направена анкетата, кој е нарачателот и колку испитаници биле анкетирани.

Но, дента кога анкетата беше објавена, на 05.07.2020, од „Брима Галуп“ попладнето испратија корекција во која се наведува:

Во објавата на А1 ОН од 5 Јули 2020 во врска со спроведеното истражување на јавното мислење од страна на БРИМА се наведува: „Анкетата на агенцијата БРИМА ГАЛУП на десетина дена пред  изборите покажува……..” што може да наведе на заклучок дека истражувањето е спроведено деновиве.

Сакаме да дадеме корекција на оваа информација: предметното истражување беше спроведено во период од 5-14 Јуни 2020, телефонска анкета, национално репрезентативен примерок на популација 18+ години со N=1174 испитаници“.

А по објавата дека агенцијата „Брима Галуп не спровела анкета и дека СДСМ води на непостоечки анкети“, со демант на 07.07.2020г. се јавија од агенцијата „Брима Галуп“ од каде објаснија дека тие ја спровеле анкетата, но не ја објавиле и дека истата ја понудиле на своите клиенти.

Ве известуваме дека БРИМА четири пати годишно редовно спроведува Омнибус истражување повеќе години. Во рамките на ова истражување е и секцијата за социо-политички стандардизирани прашања во рамки на Политичкиот Барометар на БРИМА. Овие податоци кои се сопственост на БРИМА ги нудиме на потенцијални клиенти кои се заинтересирани за нив. Истражувањето во јунскиот бран се спроведе од 5 до 14 јуни 2020 со телефонска анкета (CATI) со национално репрезентативен примерок N= 1174 испитаници на возраст 18+ години. Понудата ја прифати еден од клиентите со ексклузивно право на користење и објавување.

Наводите дека БРИМА воопшто не спровела анкета не се точни. Уште еднаш објаснуваме дека БРИМА НЕ ЈА ОБЈАВИЛА анкетата, а истата ја спровела во наведениот период. Дополнително БРИМА на 05 Јули 2020 има пратено до сите медиуми информација – корекција во која се појаснува точниот датум кога анкетата е спроведена, се наведува во соопштението на Брима.

Имајќи го предвид сето ова може да се каже дека написот шири лажни информации бидејќи известува еднострано. Кога некој изнесува некакви наводи во јавноста, тие треба убаво да се проверат пред да бидат објавени.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести