verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога авторот ќе ја „запечати“ својата пристрасност и непрофесионалност

on 28 - 04 - 2020       

Во време кога светот се соочува со вирус кој се шири низ целата планета, покрај стравот за здравјето, постои огромен страв за економските последици. Сите работници се загрижени за тоа што ќе се случи со нивните плати и нивните работни места… Некои онлајн медиуми го користат овој момент на начин што економските одлуки донесени од Владата ги припишуваат на одредени политички партии, правејќи им реклама

Фотографија од веста што се рецензира

Линк до текстот: „ДУИ запечати, нема да се допре платата на административците, еве ги новите мерки од владата“   BDI vulos, nuk preken rrogat e administratës, ja masat e reja nga qeveria

Датум на објавување: 31.03.2020

Датум на рецензија: 07.04.2020

Рецензира: Ајнур Бафќари

Мерките ги одобрува Владата, а не само една партија

Во текстот што го разгледуваме, во насловот забележуваме дека нешто не е во ред. Ако погледнеме втор пат, ни асоцира на наслов, чиј текст може да биде спонзориран од политичка партија. Според насловот, сите одлуки што владата ги донела се претставени како да се донесени од политичката партија за која зборуваме. Насловот не е соодветен, го наведува читателот да ја толкува погрешно информацијата. Со употребата на терминот „печати“, авторот на текстот го запечатува неговиот непрофесионализам и пристрасност. Само читањето на насловот создава забуна, прво и дава тежина на наведената политичка партија, потоа ја покажува информацијата, односно преземените мерки, додека на крајот потенцира дека овие мерки всушност биле преземени од Владата.

Наслов, соопштение, публикација!

Текстот на авторот е само наслов, бидејќи во целата содржина на текстот се поставени само делови од  соопштението на Владата од одлуките донесени на нејзината седница. Не пишувајќи ниту една реченица со објаснување дека овие одлуки биле донесени од Владата, авторот ја поддржува неговата главна цел до крајот на текстот, презентирајќи ги како заслуга на партијата ДУИ сите одлуки донесени од владата.

“Платите на државната и јавната администрација нема да се чепнат 
 Сите државни функционери и именувани лица во државно и локално ниво ќе добијат минимална плата од 14.500 ден за април и мај 2020 година Финансиска поддршка за лицата погодени од кризата, правни лица, работодавци од приватниот сектор за месеците април и мај 2020 година, во износ на минимална плата (14.500 денари месечно) по работник„ – се вели во текстот.

Спинување во корист на ДУИ

Авторот во својот текст има користено одредени знаци, кои потсетуваат на знаците на споменатата политичка партија за време на кампањата. Текстот наликува на партиски транспарент, за време на кампањата. Написот директно не содржи лаги, но ниту ја претставува целосната вистина, така што има искривување на вистината (спин) и тоа оди во прилог на политичка партија, што во овој случај авторот го прави политички пристрасен.

Пристрасноста во медиумите значи да изберете кои настани ќе бидат опфатени и начинот како ќе се опфатат. Во овој текст се справуваме со политичка пристрасност, што значи манипулирање со веста или искривување на делови од статијата со цел да се фрли позитивно светло врз одредена политичка партија.

Концепт на манипулација „ефект на набљудувано очекување“

Бидејќи сме во вонредна состојба и сè е одложено поради корона вирусот, вклучително и изборите кои беа закажани за април годинава, одредени медиуми ја искористија и  ситуацијата во која се наоѓаме за да обезбедат позитивни политички поени за одредени политички партии. Авторот на овој текст, преку концептот на манипулација, „ефектот на набљудувано очекување“, појаснет во нашиот прирачник КриТинк, делува како да сме во време на кампања. Тој им придава поголемо значење на постигнувањата на наведениот политички субјект, од реалното, односно од она што е реалност. Имено, дава податоци во текстот што одат во прилог на очекувањата (на јавноста), а ги игнорира податоците што не се во нивна корист.

Селектирајте ги онлајн медиумите од каде се информирате!

Како читатели треба да имате предвид дека понекогаш само една тенка линија ја дели целосната и искривената вистина, по што ќе се одведете во „збунетост“. На овој начин авторите на спонзорираните текстови манипулираат со читателите и со тоа ги постигнуваат нивните специфични цели, фрлаат позитивно светло врз одредена политичка група (субјект) и го мијат мозокот на читателите. Ако наидете на таков текст само игнорирајте го, бидејќи во оваа пандемска криза, не ви треба платена политичка реклама.

Овој напис е дел од специјалното известување на Критинк за дезинформациите за епидемијата со коронавирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести