verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Филипче не најави дека пациентите со Ковид 19 ќе плаќаат, туку дека ќе се ослободат од партиципација

on 28 - 04 - 2020       

[Рецензија: НИЗОК УДАР ЌЕ СЕ ПЛАЌА ЗА ЛЕКУВАЊЕ ОД КОРОНА ВИРУС, најави Филипче]

Понекогаш, кога еден медиум ќе пренесе неточна информација, односно кога ќе направи грешка, особено кога тоа е кредибилен и релевантен медиум како Македонската информативна агенција (МИА), тогаш неточната информација верижно се пренесува и од други медиуми претплатени на услугата на МИА. Таков е примерот и со написот што е предмет на оваа рецензија. Во овој случај, текстот кој првично е објавен на МИА, а потоа по увидената грешка е избришан, пренесен е и од други медиуми кои ги добиваат нивните текстови преку електронска пошта. Дополнително, „Вечер“, откако го презел текстот од МИА, додал и коментаторски дел во насловот:„низок удар”

Линк до оригиналниот напис: НИЗОК УДАР ЌЕ СЕ ПЛАЌА ЗА ЛЕКУВАЊЕ ОД КОРОНА ВИРУС, најави Филипче

Датум и време на објавување: 24.04.2020

Датум на рецензија: 25.04.2020

Рецензент: Мирослава Бурнс

Но, за што точно станува збор? Во конкретниот случај се работи за погрешна интерпретација на одговорот на министерот за здравство, Венко Филипче на новинарско прашање. Прашањето гласи:„Дали пациентите со ковид 19 кои се хоспитализирани, плаќаат партиципација за болничкото лекување?

Одговорот на Филипче е следниот:

Ние со одлука на Влада ги покриваме трошоците за сите кои не се здравствено осигурани. Но, можно е да ја земеме предвид и партиципацијата. Ќе направиме финансиска конструкција и тоа може за неколку дена да биде завршено.

Од ваквиот одговор на министерот, произлегува дека можеби ќе се укине партиципацијата која во моментов ја плаќаат сите пациенти со коронавирус кои се здравствено осигурани, ако дојдат во ситуација да се хоспитализирани во инфективните одделенија на клиниките.  Така што, не е точен насловот: ,,Низок удар, ќе се плаќа за лекување од коронавирус”.

Во цитатот од изјавата на министерот пренесен во написот, е додаден зборот ,,плаќање”, што тој воопшто не го кажа.

Со одлука на Влада ги покриваме трошоците за сите кои не се здравствено осигурани, но можно е да земеме во предвид и плаќање на партиципација. Ќе направиме финансиска конструкција. Тоа може за неколку дена да биде завршено, рече Филипче во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Од контекстот на прашањето и на одговорот, може да се заклучи дека станува збор за фактичко ослободување кое можеби ќе се случи откако Владата ќе направи финансиска конструкција во наредните денови. Исто така, од прашањето е јасно дека сега, во моментот, тие што се здравствено осигурани, а кои се во болница со коронавирус, плаќаат партиципација. На прес-конференцијата беше наведен и пример на лекарка која од Ковид 19 заболела лекувајќи пациент како дел од својот медицински ангажман и потоа морала да биде хоспитализирана на инфективното одделение во Скопје и платила партиципација за болничкото лекување. Прашањето се однесуваше на тоа дали може да се укине оваа партиципација. Особено, зашто се работи за заразна болест и пандемија.

Во случајов, впечатокот е дека при пренесувањето на изјавата на министерот, МИА   од небрежност направила грешка, по што е објавена неточна информација дека пациентите со коронавирус ќе плаќаат партиципација (нешто што фактички веќе го прават, но сега ќе се разгледа опцијата да се ослободат од ваквиот трошок). А, „Вечер“ дополнително го „зачинил“ со зајадлив коментар насловот  на  оваа дезинформација.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести