verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Каде „Доказ“ виде „швалерка“ во изјавата на Сотирова Бухова?

on 4 - 05 - 2020       

[Рецензија: Бухова: Градоначалникот на Куманово со тоа што излегол од дома и се тестирал неколку пати ги прекршил протоколите швалерката дома нека си ја вика]

Праксата на овој портал  да поврзува функционери со швалерки, да им става на изворите ,,зборови во уста”, односно да додава непостоечки делови од изјави во наслов, продолжува и со овој текст. Причина за ова може да биде намерата за дискредитација на функционерите, во конкретниот случај градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, или борбата за повеќе кликови на некоректен начин.

Линк до оригиналниот напис: Бухова: Градоначалникот на Куманово со тоа што излегол од дома и се тестирал неколку пати ги прекршил протоколите швалерката дома нека си ја вика

Датум и време на објавување: 30.04.2020

Датум на рецензија: 02.05.2020

Рецензент: Мирослава Бурнс

Во насловот на текстот што го рецензирамена на директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Ирина Сотирова Бухова ѝ се накалемуваат зборови кои се однесуваат на кумановскиот градоначалник, а кои таа воопшто не ги кажала: ,,да си ја вика швалерката дома”. Тоа може да се види од видео снимката од прес-коференцијата на Сотирова Бухова.

Вообичаено за овој портал, насловната конструкција е напишана во соензационалистички манир со цел да се предизвика поголема посетеност и содржи елементи кои не постојат во написот. Наспроти професионалното правило опремата на новинарскиот текст да биде веродостојна претстава и сиже на најважните поенти од текстот. Во време на пандемија, кога има хиперпродукција на вести и информации, кои предизвикуваат огромно внимание кај граѓаните, особено треба да се има предвид дека некои луѓе ќе го прочитаат само насловот.

Изјавите треба да се пренесуваат веродостојно, може да се парафразираат, но не до степен да се менува смислата и никако не смее да се додаваат работи што воопшто не биле кажани.  Ова го налага новинарскиот Кодекс каде е прецизирано дека новинарите треба да ја почитуваат вистината и да објавуваат точни и прецизни информации

Исто така, со тоа што се инсинуира постоење на швалерка, се руши дигнитетот на функционерот и неговиот личен углед. Ова е спротивно на принципите на етички исправното новинарство, кои јасно укажуваат дека новинарот ќе ги чува угледот и достоинството  и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности.

Освен ова, проблем е и самиот цитат од настапот на Сотирова Бухова кој е непрецизно пренесен. Имено, во делот каде се објаснува протоколот за тоа како се тестираат оние што веќе се позитивни и ставени во домашна изолација поради позитивен резултат на коронавирусот, неточно се кажува дека тоа се прави само во Центарот за јавно здравје во Скопје. Ова не е така, затоа што во секој град се вршат тестирања и во секој град каде што има Центар за јавно здравје, се изработуваат резултатите од земените брисови.

Еве што точно кажува Сотирова Бухова: (22 минута и 05 секунда во видеото од прес конференцијата)

Дали се веќе констатирани како излекувани не, за излекувани се сметаат по протокол лица кои се ковид 19 позитивни и ставени на домашно лекување, се тестираат после 14 ден од денот на издавање на решението од страна на Центар за јавно здравје каде што живеат пациентите. Оттаму доаѓаат од Центар за јавно здравје во заштитна опрема и брисевите се земаат исклучиво во домашни услови. Ако првиот брис е негативен во рек од 24 до 48 часа истиот центар за јавно здравје испраќа екипа за втор брис. Доколку и тој е негативен, пациентот се смета за излекуван.

И, замислете колку долга и макотрпна би била процедурата и колку неизводливо би било, сите брисеви од цела Македонија да се носат во Скопје на изработка, како се што вели во текстот на „Доказ“. Зошто да се прави тоа, да се трошат ресурси, да се развозуваат материјалите до Скопје, со тоа евентуално да се искомпромитираат? Секој земен брис веднаш се носи на обработка откако ќе биде зачуван во специјален медиум. Тестот се изработува веднаш,  а самата изработка трае до 7 часа. Оттука, неточно е дека само во Центарот за јавно здравје Скопје се изработуваат резултатите и дека таму се прави тестирањето по четиринаесетдневната изолација на потврден позитивен случај. Напротив,  според протоколот, за вакви лица брисот се зема во домашни услови со специјална заштитна опрема.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести