verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Вест“ што дезинформира за мрежата 5Г

on 5 - 05 - 2020       

Илустрација со скриншот од веста

Околу мрежата 5Г, поим кој за повеќето е толку апстрактен и неразбирлив, без правилно објаснување, е регистриран исклучително голем простор за (дез)информирање кај порталите. Во овој преглед, како основа е земен текст што не содржи вест, нема информации, нема структура и не ни кажува ништо

Фотографија од веста што се разгледува

Линк до оригиналниот напис: „Македонија/А1 започна монтажата на антените 5Г! Влада не уништивте!“ Maqedoni/ A1 ka nisur montimi i antenave 5G! Na morët n’qafë Ooo Qeveri!

Датум на објавување: 12.04.2020

Датум на рецензија: 14.04.2020

Рецензира: Фатлуме Дервиши

Многу интригантен наслов што констатира и коментира … Ова не е вообичаено за вестите. Љубопитноста ја води публиката понатаму, но текстот не нуди ништо повеќе ; имиња, коментари, субјективност и многу правописни грешки. Јазик што не е вообичаен јазик за пишување вести и гласи вака:

„А1 Инсталацијата на 5Г антени започнал
Не уништивте о Влада на Република Македонија ова е убиство за сите нас. ?
Кадир Зеќири
Тадина Тосуни А neWs24
Сега се случува оваа работа, но никој не може да ми каже каде лежи проблемот со 5Г
Е прашање за бизнис на големите сили или навистина овој вид инсталација, оваа моќност на 5Г му штети на здравјето на луѓето!“- 
вака пишува во текстот што го разгледуваме.

Во Северна Македонија сè уште не постои мрежа 5Г 

Мрежата 5Г е петта генерација на мобилната мрежа. Тоа е нов глобален стандард на бранови по развојот во фази од 1Г, 2Г, 3Г и 4Г. Во октомври 2019 година (А1) и во ноември 2019 година (Македонски Телеком), мобилните оператори ја тестираа првата 5Г мрежа во центарот на Скопје. Други тестови ќе бидат спроведени во текот на оваа година и врз основа на нив, е најавено дека мрежата ќе биде пуштена во употреба. Целта е државата да биде покриена со овој стандард на пренос на податоци до 2023 година, но факт е, дека во моментот, оваа мрежа не е во употреба.

Претпоставуваме дека…

Во обидот да се разбере барем малку текстот на оваа „вест“ и целта на авторот, останува да претпоставиме дека наведените имиња се коментатори кои некаде ги напишале своите ставови, а, подоцна е направен „копи-пејст“ од страна на медиумот. Не е разјаснето кои се овие луѓе, каква е нивната поврзаност со операторот А1 и мрежата 5Г, какви  се нивните познавања… Покрај овие неопходни објаснувања, авторот ако сакал професионално да направи текст, требал да земе став и од компанијата А1, како втора страна во веста.

Користејќи го недостигот на спротивни докази, авторот имал за цел манипулација со јавноста. Нејасниот ефект, во овој текст, дава своја улога во процесот за да се збуни читателот. Појаснувањето на овие две техники е дадено во прирачникот Критинк.

За читателите

Јазикот на новинарот мора да биде едноставен за да може да се разбере од сите. Не сите читатели се технолошки експерти и инженери за технологија за да разберат дали и каква штета може да предизвика мрежата 5Г. Најверојатно, ниту новинарот не ги знае деталите, така што надлежните треба да зборуваат и да ја разјаснат ситуацијата за јавноста. Во отсуство на информации што требаше да ги обезбеди авторот на текстот, на читателот му останува да си прави претпоставки за вистината.

Ова не смее да се случи. Авторот, во професионална вест, ги нуди сите страни и сведоштва на избалансиран начин и читателите се тие кои решаваат на која страна сакаат да застанат и на кого да му даваат право, конечно да си изградат врз фактите сопствен став за некој општествен феномен или проблем.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести