verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Јахта на тркала!

on 3 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

11111 jahta

[Рецензија: Дали е ова јахтата на Шеќеринска?]

 

Текстот прави катастрофално промашување. Кажано со фудбалски жаргон – наместо пенал, шутира од офсајд. Написот е со „вродена маана“, заборавено е да се приложи крунскиот фотодоказ за наводната „јахта“ на вториот човек на опозицијата и наместо него „залепена“ е фотографија од камп-приколка. Резултатот е хумористичен, како што констатираат и читателите во коментарите под статијата.

 11111Линк до оригиналниот напис: Дали е ова јахтата на Шеќеринска?

 Датум и време на објавување: 28.02.2016 13:27

 Датум на рецензирање: 01.03.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

  

УТНАТА ФОТОГРАФИЈА

Имаме материјал што требало да се приклучи на јатото текстови за тоа дека во хангар во една скопска населба е паркиран глисер, за кој се тврди дека е сопственост на Радмила Шекеринска и се поврзува со нејзиниот лански одмор во Грција, каде таа беше фотографирана со нејзиното семејство.

Оригиналниот напис, односно „екслузивката“ од која потекнува текстот, има и видеозапис што навистина покажува пловило, со карактеристично име, сместено во еден објект. Но, за разлика од оригиналот, копијава ги нема клучните мултимедијални елементи што би требало да ја дообјаснат приказната. Имено, наместо бротчето, глисерот или јахтата, како што некои милуваат да кажат, на читателите им е презентирана фотографија од нешто сосема друго – од приколка што ја влече камион. Значи, нема ниту „Ј“ од фамозната јахта.

Како вели народната изрека: „Брза кучка слепи кучиња раѓа“. Така и во овој случај – се презела најневажната фотографија од тоа што било на располагање. Видеоснимката во оригиналниот материјал покрај т.н. јахта покажува и приколка, најверојатно таа што е искористена за фотоилустрација, која е неважна во приказната што треба да ни го долови луксузирањето на опозиционерката. Ете што се добива кога ќе се помешаат различни превозни средства, де на копно, де на море.

Исто така, текстот прашува: „Дали е ова јахтата на Шеќеринска“, а од друга страна, воопшто не ѝ се јавиле на спомената личност за да обезбедат нејзин коментар. Па, нели тоа е едно од златните новинарски правила, да се слушне и втората страна.

А, кога веќе се прашува „Дали е ова јахтата на Шеќеринска“, би рекле не. Зошто? Затоа што на фотографијата не се гледа „јахта“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести