verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Споредбата ја прави читателот, а не новинарот

on 3 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #050 - '“Uragani BESA!” në Nerasht, BDI në panik (FOTO) I Iliria _' - ina-online_net_uragani-besa-ne-nerasht-bdi-ne-panik-foto

Напис: „Ураганот Беса“ во Нераште, ДУИ во паника

„На собирот на ДУИ во Скопје, е забележана толкава поддршка за оваа партија, што бројот на присутни симпатизери бил приближно ист со бројот на симпатизерите во основањето на само еден разгранок на движењето Беса во селото Нераште во Тетовско“, пишуваше пред неколку денови весникот „Лајм“. ДУИ, партија која е 14 години на власт, има голем проблем во собирање на своите активисти по партиските собири, па затоа употребуваат притисок, уцени и разно-разни форми за да изгледа како една „масовна“ партија. Но, изгледа дека движењето Беса воопшто го нема овој проблем. Доволно е само да ги видите објавените фотографии по социјалните мрежи што се поврзани со собирите на движењето Беса и ќе забележите, како што велат и коментаторите, дека „Ураганот Беса“ ги опфатил сите албански живеалишта, што разбудило страв и паника кај ДУИ.

 

[Рецензија: „Ураганот БЕСА“ во Нераште, ДУИ во паника]

Ставовите на новинарот не мора да се во склад со реалноста. Ова е причината зошто во вест новинарот нема право да коментира. Улогата на новинарот е да информира, а јавноста е таа што суди.

fullscreenЛинк до оригиналниот напис: „„Ураганот БЕСА“ во Нераште, ДУИ во паника”
Датум и време на објавување:
23.02.2016

Датум на рецензирање: 24.02.2016

Рецензент: Адриан Керими

Во рецензираниот текст се прави споредба и во најголемиот дел од него се коментари.

„На собирот на ДУИ во Скопје е забележана толкава поддршка за оваа партија, што бројот на присутни симпатизери бил приближно ист со бројот на симпатизерите во основањето на само еден разгранок на движењето Беса во селото Нераште во Тетовско“, пишуваше пред неколку денови весникот „Лајм“. 

Новинарот сам го проценува бројот на учесници, но без да даде ни бројки ни методика на оваа калкулација. Ова го прави тенденциозен. Вакви споредби направени од самиот автор на веста не се етички . Една „анализа“, како таа во следниот параграф, има можност да биде објавена во делот за коментари или мислења. Авторот обвинува и не го потврдува тоа обвинение.

„ДУИ, партија која е 14 години на власт, има голем проблем во собирање на своите активисти по партиските собири, па затоа употребуваат притисок, уцени и разно-разни форми за да изгледа како една „масовна“ партија. Но, изгледа дека движењето Беса воопшто го нема  овој проблем.

Споредбите и коментарите на новинарот, со или без намера, преминуваат во пропаганда, при што новинарот го крши Етичкиот кодекс, ако воопшто и се придржува кон истиот. Фотографиите може да бидат можност за процена на поддршката за еден политички субјект, но и ова треба да се прави со професионалност.

 „Доволно е само да ги видите објавените фотографии по социјалните мрежи што се поврзани со собирите на движењето Беса и ќе забележите, како што велат и коментаторите, дека „Ураганот Беса“ ги опфатил сите албански живеалишта, што разбудило страв и паника кај ДУИ.“

Авторот иронизирал и на мултимедијален аспект. Над една фотографија ставил друга и ја искористил можноста да манипулира со реалноста, токму затоа што двете фотографии немаат врска една со друга, така што насловот останува непотврден.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Пренесен дел од текст и фотографии

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

Не се исклучува можноста

Можеби

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести