verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Интересна истражувачка сторија

on 3 - 03 - 2016       

zemjodelsko zemjishte

[Рецензија: СКУП истражува: Државно земјиште поделено на функционери (обновено)]

 

Сторијата „Државно земјиште поделено на функционери“ третира актуелна тема, која произлезе од прес-конференциите на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски. Тој повеќепати обелодени како земјоделските субвенции и државните земјишта биле доделувани на функционери и на луѓе блиски до власта. Пристапот со кој е обработена оваа тема е  поинаков од тоа што сме навикнале да го гледаме и да го читаме. Наместо само „голо“ пренесување на прес-конференцијата, текстот темелно ја обработува цела приказна која е поткрепена со документи, изјави, соопштенија…

pozitivna recenzija skuo prizmaЛинк до оригиналниот напис: СКУП истражува: Државно земјиште поделено на функционери (обновено)

Датум и време на објавување: 01.03.2016

Датум на рецензија: 02.03.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ОД СИТЕ АГЛИ

На читателската публика ѝ е претставено истражување за доделување на државно земјшите во Вевчани. Меѓу личностите што се споменуваат во оваа сторија е и Сања Угриноска-Спасеноска, вработена во кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и сопруга на поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Александар Спасеноски.

„Откако веќе еднаш земјиштето е доделено под закуп на Митре Алулоски, Министерството за земјоделие истото го дава на фирмата „Атриум“, сопственост на братот на Крсто Мукоски, Бобан и на неговиот татко.  Дел од парцелите зема и вујкото на Крсто Мукоски, Ѓорѓи Угриноски преку фирмата „Виа Винарија“ од Вевчани. Како сопственик во ова фирма се јавува и Сања Угриноска Спасеноска, вработена во кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и сопруга на поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид Александар Спасеноски.“

Написот го третира проблемот со земјоделските субвенции од сите аспекти и со вклучување на сите инволвирани страни.

„Даниел Мурџески е вработен во канцеларијата на Министерството за земјоделие во Вевчани, формирана во време кога се распределува земјиштето. Карактеристично за ова канцеларија е што таа е единствената подрачна единица на Министерството за земјоделство, што е отворена да пкрива само едно село во кое има не повеќе од 500 хектари земјиште. Како за пример ќе ја издвоиме Општина Лозово која има 20 пати повеќе земја од Вевчани, а нема подрачна канцеларија. Ист е случајот и со Чешиново-Облешево.“

Дека се работи за професионален пристап, говори и тоа што во написот дополнително е вклучена реакцијата на пратеникот Крсто Мукоски на објавениот текст. Неговата реакција е во целост и коректно пренесена без да се коментира, а во насловот е ставена назнака „обновено“, што веднаш  укажува на тоа дека има некаква промена во текстот.

Инаку, треба да се спомене дека од Мукоски бил побаран став уште при пишувањето на оваа статија, но тој тогаш не одговорил:

„За изјава го побаравме и пратеникот Мукоски, но тој не се одзва на поканата да разговара со нас за земјиштето.“

Сторијата има одговорен новинарски пристап, документирана е со многу конкретни факти и поткрепена со стручни мислења, табели, принт-скринови од договори, фотографии од земјиштето и со линкови. Материјалот е читлив, има добар приод и содржина и заслужува позитивна оцена. Во него се испочитувани  професионалните стандарди кои произлегуваат од Кодексот на новинарите и претставува убав пример за тоа како треба да се информира за прашања од јавен интерес.

Имаме квалитетно сработен текст кој успева да ја долови сликата за доделувањето на државното земјиште од сите агли. Јавноста секогаш има право да ја знае вистината.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести