verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Иронизирање или спин?

on 20 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #254 - 'Nga komuna e Çairit ironizojnë me lajmin e “Dnevnik”-ut për kërcënime I AKTUALE_MK' - www_aktuale_mk_nga-komuna-e-cair

 

Напис: Од Општина Чаир иронизираат со веста од весникот „Дневник“ за заканите

По објавување на веста во весникот „Дневник“, дека градоначалникот на Oпштина Чаир добил закани од неколку лица, од Oпштина Чаир иронизираат, велејќи дека Општина Чаир е ангажирана за реализација на многу проекти и не им оставаат впечаток ваквите интервенции.

„Имаме информација од страна на обезбедувањето на Општината за неколку лица што правеле врева во Општината, но не сме им дале многу важност, бидејќи такви обиди за притисок имало и во минатото, но биле неуспешни. Нека се занимаваат институциите со нив, ние сме ангажирани во реализација на многу проекти во Општината и воопшто не ни оставаат впечаток ваквите интервенции“ рекоа за „Тетова сот“ од Општина Чаир.

Инаку во Општина Чаир на 16 февруари, на денот на паднатите борци, се постави споменик на двоглавиот орел со што на Скопје му се врати албанската гордост.

[Рецензија: Од Општина Чаир иронизираат со веста од весникот „Дневник“ за заканите]

Како прво, во текстот никаде нема иронизација. Ова е првата утка што се случила кога се почнала да се прави оваа содржина со пропагандистичка цел. Иронизација би била од друга природа, а не промовирајќи се себеси дека наводно независно од адресираните закани, Општината имала проекти! Сакајќи да му даде на настанот друг правец, содржината наместо вест и објаснување за тоа што се случило, ни донела спин. Всушност, преку нејзе се обидува да се направи еден спин, бидејќи, за жал, завршил како неуспешен спин.

„По објавување на веста во весникот „Дневник“ дека градоначалникот на Општина Чаир добил закани од неколку лица, од Општина Чаир иронизираат, велејќи дека Општина Чаир е ангажирана за реализација на многу проекти и не им оставаат впечаток ваквите интервенции“.

 

Nga komuna e Çairit ironizojnë screenshot

Линк до оригиналниот напис: „Од Општина Чаир иронизираат со веста од весникот Дневник за заканите”

Датум и време на објавување: 09.06.2016

Датум на рецензирање: 09.06.2016

Рецензент: Адриан Керими

Фактот дека во цитатот се вели „Нека се занимаваат институциите со нив…“, дава индикации дека нешто се случило во споменатата Општина. Ова повеќе зборува за фактот дека меѓу редови се крие вистината дека некој се заканил некому, меѓутоа заканите немале толкава важност колку, наводно, проектите. Со ова, се раѓаат две прашања. Во текстот се брани Општината или се информираат граѓаните?! Се сомневаме дека одговорот не го знае ниту тој што го направил текстот!

„Имаме информација од страна на обезбедувањето на Општината за неколку лица што правеле врева во Општината, но не сме им дале многу важност бидејќи такви обиди за притисок имало и во минатото, но биле неуспешни. Нека се занимаваат институциите со нив, ние сме ангажирани во реализација на многу проекти во Општината и воопшто не ни оставаат впечаток ваквите интервенции“, рекоа за „Тетова сот“ од Општина Чаир.

„Јас за баби, а ти за жаби“. Вака може да се опише со малку зборови смешната и несфатлива заднина. Каде е местото на споменикот со орел во овој случај, кога се зборува за други проблеми? Колку да се наполни една страница текст и да се фали себеси дека наводно продава пофални вести за Општината, текстот завршил на скандалозен начин. Таквото мешање на прашањата во еден текст сведочи за непрофесионалност и за прекршување на новинарските начела.

„Инаку во Општина Чаир на 16 февруари, на денот на паднатите борци, се постави споменик на двоглавиот орел со што на Скопје му се врати албанската гордост“.

За ваков текст, еве како „иронизираат“ со авторот етичките правила: „Новинарот не смее да го користи медиумот за објавување или прикривање на информации за придобивка на добра за себеси“се вели во точка 6/1 на Кодексот за етика во новинарството на ЗНМ. Во истиот кодес (точка 6/4), во продолжение пишува: „Треба да се прави разлика меѓу рекламирање и новинарски текст со илустрација“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

Со резерви

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести