verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Во новинарството нема место за омаловажување

on 20 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #255 - 'Kryeministri Dimitriev i ‘mbushi brekët’ nga “baba gjermon” ja çka i premtoi – Tetova Sot' - www_tetovasot_com_2016_06

 

Напис: Премиерот Димитриев ги „наполна гаќите“ од „тато Германец“, еве што му вети

Претседателот на Владата, Емил Димитриев, денеска во Скопје се сретна со специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл.

Соговорниците дискутираа и разменија информации за актуелната политичка состојба, за процесот на интеграција, како и за процесите што се преземаат во рамки на планот за дејствување за спроведување на приоритетите на итните државни реформи, пренесува „Тетова сот“.

Димитриев рече дека клучно за владата е постигнување на прогрес во областа на евроинтеграциите, што резултира со голема интензивност за спроведување на препораките.

Тој рече дека се спроведуваат стотици реформски мерки кои ги иницира владата и на овој начин се компензира периодот кога беа распишани изборите и кога таквите активности не одеа според саканата динамика.

Премиерот Димитриев му рекол на „тато Германец“ дека дел од реформите ќе се спроведува веднаш од институциите, еден дел ќе го дискутира владата и ќе одлучи Собранието и неколку ќе се формулираат врз основа на поширок политички дијалог.

Соговорниците дискутираа и за актуелната политичка состојба, за начинот и за можностите за излез од политичката криза.

Димитриев му вети на Хајндл дека во интерес на Владата е да обезбеди услови за социјален и економски развој на Република Македонија и на нејзините граѓани.

 

[Рецензија:  Премиерот Димитриев ги „наполна гаќите“ од „тато Германец“, еве што му вети]

Новинарството на интернет често знае да скршне од основните начела на професионалното новинарство, како и од Етичкиот кодекс на новинарството. Сето ова поради „битката“ за повеќе прегледи. Се занемарува професионалноста за сметка на сензационалноста. Текстот што го рецензираме е еден од многуте примероци на написи каде зад „атрактивните“ конструкти во насловите, внатрешноста нема речиси никаква информативна вредност за читателите.

Kryeministri Dimitriev i ‘mbushi brekët’ nga “baba gjermon” ja çka i premtoi – Tetova Sot

 

Линк до оригиналниот напис: Премиерот Димитриев ги „наполна гаќите“ од „тато германец“, еве што му вети

Датум и време на објавување: 07/06/2016

Датум на рецензирање: 09.06.2016

Рецензент: Бењамин Арифи

Насловот на текстот е сензационален и го става читателот во заблуда, будејќи љубопитност за внатрешноста на текстот. Меѓутоа, содржината на текстот нема никаква врска со насловот. Текстот е обично пренесување на веста од агенциите и во голема мера се базира на известувањето од Бирото за информации на Владата.

Сензационалноста нема место во професионалното новинарство, уште повеќе кога нема воопшто основа за такви наслови. Сензационалните наслови може да даваат ад-хок резултати, но долгорочно ја уриваат довербата и релевантноста на медиумот и на самиот новинар. Довербата стекната со многу труд се урива како кула од карти доколку содржините се составуваат со таков несериозен пристап.

Исто така, насловот содржи и понижувачка фраза кон актуелниот премиер на државата. Кога за некого се вели дека „ги наполнил гаќите“, освен што тоа е коментар, на некој начин е и навреда кон личноста на која се однесува овој израз. Не е работа на новинарот да коментира, уште помалку употребувајќи ваков омаловажувачки речник кон која било јавна личност.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност,

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести