verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Господ нека го спаси новинарството од непрофесионалните новинари!

on 2 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Напис: Алија, ментално болен, под закана или „продаден“

Во нашето општество се случуваат разни чудни и необјасниви настани. Еден ист човек, денес плука по партијата на власт, владата, министрите… Утредента се премислува, задутре излегува на кафе и се слика со нив. Овие последните, министрите на ДУИ, односно нивната партија завчера ги обвини опозициските партии, албански и македонски, дека ја играат „играта на ѓаволот“, бидејќи лицето за кое се зборува, Али, беше сликан со нив.

Феноменот „Али Герчеци“ кажува најдобро до која фаза стигнало нашето општество. Неговите последни активности кажуваат дека има само три можни опции што го објаснуваат неговото однесување.

Прво, дека се работи за ментално ретардирана, непресметлива, сенилна личност. Второ, дека власта му се заканила и го уценувала толку многу што им се заканиле на неговите деца, на семејството, и третата опција е дека „се продал“ за една одредена сума, за придобивка, итн.

Како и да е, ова што ни се случува ни кажува дека партијата на власт, ДУИ, е во толкава паника од губење на изборите, што е способна и да се заканува, да „купува“ и да направи фотографии со луѓе со ментални проблеми. Не дека ова не го направиле и во други пригоди…

[Рецензија: „Алија, ментално болен, под закани или „продаден“?!“]

Последниве денови во јавноста многу врева направи револтот на еден граѓанин кој пред медиумите им се втурна на претставниците на албанската партија на власт, со обвиненија за земање мито. Во општество каде на прсти може да се набројат луѓето што ѝ се спротивставуваат на власта, особено со такви сериозни обвиненија, јавноста го виде ова како херојски чин. Граѓанинот потоа се премисли и во текстот што го рецензираме станува збор за тешките констатации што ги дава новинарот за граѓанинот, кршејќи ја така новинарската етика.

Alija i sëmurë psiqik i kërcnuar apo i “shitur” FAKTE.NETЛинк до оригиналниот напис: „Aлија, ментално болен, под закана или „продаден?!”

Датум и време на објавување: 23.01.2016

Датум на рецензирање: 24.01.2015

Рецензент: Ферикан Илјази

Текстот што го рецензираме има цел да го отслика слабиот карактер на овој изреволтиран граѓанин, кому гневот не му траеше подолго од еден ден. Утредента, лицето се појави со еден видеозапис во кој го фали, величи лидерот на ДУИ, и ги негира сите обвиненија што ги направил, без никакво објаснување. Како и да е, ова што се случи го искористија голем број портали за да пишуваат негативно за, како што го нарекоа некои, „пишман Алија“. Текстот што го рецензираме употребува низок и понижувачки речник за овој човек, иако не сме ние тие што треба да го навредат и понижуваат. Ова, фактички, не треба никој да го прави, а особено не ние.

„Феноменот „Али Герчеци“ кажува најдобро до која фаза стигнало нашето општество. Неговите последни активности кажуваат дека има само три можни опции што го објаснуваат неговото однесување. Прво, дека се работи за ментално ретардирана, непресметлива, сенилна личност. Второ, дека власта му се заканила и го уценувала толку многу, што им се заканиле не неговите деца, на семејството, и третата опција е дака е „се продал“ за една одредена сума, придобивка, итн.“ 

Што може да се каже за еден таков текст каде новинарот дозволува неговата рака да пишува понижувачки зборови за секого што мисли дека може да го направи ова. И како да не беше доволно ова. Новинарот констатира дека човекот за кој наредил толку обвинувања е ментално ретардирана личност, со што му се заканува тужба за навреда и за клевета. Ниеден читател нема да поверува во оваа информација затоа што секој знае дека новинарот не е психијатар. Така, авторот не успеал да ги убеди другите дека тоа што го кажува е вистина. Сè што успеал да постигне е еден лош впечаток за неговата професионалност и можност никогаш повеќе да не биде сфатен сериозно.

„Како и да е, ова што ни се случува ни кажува дека партијата на власт, ДУИ, е во толкава паника од губење на изборите, што е способна и да се заканува, да „купува“ и да направи фотографии со луѓе со ментални проблеми. Не дека ова не го направиле и во други пригоди…“

„Господ да ни е на помош“ вели авторот, кажувајќи јавно една молитва на која не ѝ е местото во новинарски текст.

Случајов сигурно е од јавен интерес. Во текстот требало да се направи истрага за тоа зошто се случила промената во ставот на граѓанинот. Доколку тој бил „ментално болен“, бил и кога ги направил првите обвинувања врз функционерите на ДУИ. „Гневот“ што е изразен треба да се насочи во една подетална истрага. Целата јавност се интересира и прашува зошто се премисли граѓанинот, но навредите кон него не се одговорот. Тука ќе посочам на четири членови од етичкиот Кодекс на новинарите на Македонија, кои доколку се почитуваа, немаше да се напише ваков текст. Професионалните новинари, се обврзале дека се залагаат за следниве правила:

(Член 10) Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…

(Член 13) Новинарот треба да прави разлика помеѓу фактите и мислењата, веста и коментарот…

(Член 15) Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

(Член 16) Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и неговите колеги.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести