verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ФОТО: Ова се двете сестри кои денеска беа убиени во скопски Аерoдром

on 25 - 07 - 2014       

Sliki-ubieni098-098760098-crop-resize

Во овој фото-колаж, бидејќи од текст има само наслов, не треба да се бара многу филозофија. За жал, нема ниту етика. Потрагата по поголема читаност, и овој пат, довела до типичен производ од copy-paste мануфактурата. Земи фотографии од Фејсбук-профилот на убиените жени, нареди ги, посочи со наслов како со вперен показалец, и ете класичен пример за морбиден воајеризам.

СителЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Ова се двете сестри кои денеска беа убиени во скопски Аерoдром

Датум и време на објавување: 22.07.2014

Датум на рецензирање: 24.07.2014

Рецензент: Стојан Синадинов

Како беше она хегелијанско первертирање на фактите кои беа светост за неговиот претходник, Имануел Кант? „Доколку фактите не одговараат на вистината, дотолку полошо за фактите“. Овде фактите можеби одговараат на вистината, но без да се наведат изворите на информацијата дека тоа е, веројатно Фејсбук профилот на една од жртвите на убиството, и тоа изгледа проблематично.

Во „Прирачникот за етика во новинарството“ на авторите Тамара Чаусидис и Зоран Бојаровски се вели:

„ – Согласно членовите 7 и 8 од етичкиот Кодекс, новинарите се должни да ја зачуваат приватноста на личноста и да не известуваат со сензационализам во случаи на самоубиство, бидејќи станува збор за семејна трагедија.

– Фотографии или снимки на починатиот треба да бидат избегнати, како и евентуално оставени писма и пораки.“

Оваа фото-вест нема минимално ниво на сеопфатност. „Истражувањето“ во оваа вест е сведено на пребарување на Фејсбук-профилите на жртвите и убиецот.

Божемното прикривање на идентитетот на жртвите со „сечење“ на нивните очи од фотографиите, а притоа се пласирани еротизираните лични фотографии со пози во, безмалку, долна облека, е крајно неприфатливо. Но, затоа пак, е, исто така, крајно метафорично: буричкајќи по „социјалната“ оставнина на жртвите, токму како да им ги копаат очите.

Сензационалниот наслов е потенциран со назнаката дека има фотографии. „Некрофили-воајери, повелете!“ би бил пригодниот поднаслов, за да имаме комплетно „уживање“ во пласираната фото-вест.

Во новинарската лекција „Фејсбук не е простор за новинарско самопослужување“ на Саше Димовски, објавена на Сервисот за проверка на факти од медиумите, се вели:

„ Бројот на кликови или допаѓања за кои се борат интернет страниците, како и споделувањето на содржините, на многумина може да им го загорчи животот, со објавување или коментирање на фотографии и податоци без согласност на лицето. Затоа, уште на стартот мора да потенцираме дека социјалните мрежи, посебно Фејсбук како најпоплуларна, не се платформи од кои може да си земе кој што сака, без правила и прописи и без одговорност. Ниту пак тоа да го оправдаат со тврдењето дека тоа е интересно за јавноста.“

Иако објавувањето на лични фотографии на Фејсбук кај нас е дел од една поширока „социјализација“, токму трагичниот момент, под мотивот за информација, е крајно деликатен. Згора на тоа, една од жртвите зад себе оставила и две деца. Иако малолетни, тие се токму на возраст кога интернетот им е поле за истражување на светот. Кој вели дека еден ден нема да налетаат на оваа галерија на нивната мајка и тетка?

Димовски во споменатата лекција заклучува:

„Санкциите не треба секогаш да висат како плашило над медиумите, туку во вакви ситуации мора да се гледаат етичките моменти и прашањето: кој е јавниот интерес за да се објави одреден личен податок или фотографија. Не секогаш забавата која сака да ја наметне медиумот, може да биде забавна и за субјектот на кого се однесува!“

Последната реченица од овој цитат е проклето точна за двете личности од оваа вест. Но, и за нивните деца и најблиски.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

релевантни,

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести