verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Евтини трикови

on 11 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

11102015-NetPres-001-crop-resize

[Рецензија: Партиски новинар глуми борба за независни медиуми]

 

Една од најчестите постапки на новинарите што имаат недостиг од капацитет за етички исправно новинарство е недостигот од аргументи да го заменат со напади на личностите што на некој начин се дел од медиумските приказни. И во овој текст што го рецензираме имаме таков случај.

11102015-NetPres-001Аргументи што висат во воздух, без темел. И тоа само поради тоа што некој некогаш бил новинар, а сега е политичар. Како да веќе не смее да се впушта во дебата за медиумските состојби или да отвора прашања за состојбите во нашата журналистика. Барем да имаше еден единствен аргумент. Но, кому му е гајле за аргументите.

Оттаму, една сосема вообичаена задача, како што е новинарски извештај за исходот од работата на партискиите делегации по прашањата за медиумите, како дел од Договорот од Пржино и препораките од извештајот на Прибе, е претворена во пристрасна, ад хоминем напаѓачка сторија. Во настојувањето да ја оствари таа неновинарска позиција, авторот на оваа содржина ја изгубил главната тема и поента.

Којзнае, можеби поентата била токму тоа што го гледаме пред нас. Но, тоа не е новинарство соодветно на професионалните стандарди и етички кодекси.

11102015-NetPres-002 Линк до оригиналниот напис: Партиски новинар глуми борба за независни медиуми

Датум и време на објавување: 09.11.2015

Датум на рецензирање: 10.11.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Уште најмалку два члена од Кодексот се прекршени со оваа „новинарска работа“. Како прво, ептен е очигледна политичката пристрасност, а членот 14 од новинарскиот „устав“ вели:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Кога веќе нема професионална дистанца, многу лесно се кршат и други(те) принципи од Кодексот. Во нашиот случај тоа е членот 16:

11102015-NetPres-003Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

„Пресметка со личности“ е многу јасен и прецизен опис за тоа што го имаме пред нас кога ја читаме оваа новинарска содржина.

На крајот, за една постапка која не е предвидена за оцена соодветно на Методологијата за проверка на фактите од медиумите, за трикот еден ист текст да се подели во повеќе делови за да се добијат повеќе кликнувања. Ниту еден сериозен информативен портал не го прави тоа. Многу евтино и провидно.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

Небитни

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести