verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Една слика колку илјада кажани и некажани зборови

on 25 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Гинеколошката ординација во Шуто Оризари ќе работи три пати неделно]

 

Ordinanca gjinekologjike në Shuto Orizarë do të punojë tre herë në javë AKTUALE.MKСе вели дека една слика вреди колку илјада зборови. И оваа слика генерира илјада зборови, а можеби и повеќе, но во негативен контекст.

Авторот на овој текст, ја подготвил веста како што треба, со информацијата пратена од Министреството за здравство за зачестување на работното време на гинеколошката ординација во населбата Шуто Оризари, претежно населена со Роми, но тоа што боде очи е фотографијата, еден многу силен елемент, кој на информацијата ѝ дава сосема друга насока.

Линк до оригиналниот наслов: Гинеколошката ординација во Шуто Оризари ќе работи три пати неделно

Датум и време на објавување: 06/11/2015

Датум на рецензија: 15/11/2015

Рецензент: Ферикан Илјази

Ако ни се дава правото да го коментираме само контекстот во кој е ставена оваа фотографија, тогаш треба да се истакне дека таа има различнa цел од текстот на кој му е придружена. Текстот зборува за нови алтернативи за жените од населбата Шуто Оризари за да ја прифатат потребната медицинска грижа од матичен гинеколог. Целосен текст, со сите потребни елементи на една вест. Но, невозможно е да не падне в очи фотографијата со која авторот го илустрирал текстот. На неа не е прикажаната ниту ординацијата, ниту одговорниот гинеколог што работи таму, ниту, пак, (да речеме) Министерството за здравство кое ја донело одлуката.

Како што може да се види, новинарот употребил фотографија каде што се гледаат Ромите како „чергари“, „скитници“ и „музиканти“, стереотип присутен кај нас со векови. Еден таков приказ дискриминира цел етникум, без исклучоци. Фотографијата алудира на тоа дека заедницата прикажана на сликата има „зголемена“ потреба за гинекологија бидејќи имаат големи семејства или прават многу деца.

Новинарството е професија што треба да ги негува правата, слободата и разликите на човекот, а не да создаде поделби меѓу нив. Сите сме граѓани на оваа земја, со еднакви права. Затоа не треба да се користат разликите за да се врши дискриминација над тие што „не се како нас“.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација, расна дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести