verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Денеска напладне, протестен собир за враќање на погребниот венец испратен до новинарот Јовановски

on 22 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Новинарите и „Новинарски пленум“ на 22 април, точно напладне, пред објектот на Владата ќе го вратат погребниот венец што вечерва му беше доставен на Борјан Јовановски, новинар и уредник на „Нова ТВ“, во неговиот дом, извести агенцијата „Мета“.

На овој начин новинарите ќе покажат дека не му се плашат на нарачателот на овој грозоморен чин, кој вечерва го вознемири семејството на Јовановски.

Новинарите ги повикуваат своите колеги и сите граѓани да излезат и пред зградата на Владата, каде што сметаат дека е вистинското место, кај што треба да се обратат на мирен начин да го изразат својот револт од страшниот чин, со намера повеќе да не се повтори.

Новинарите бараат од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во рок од 24 часа да ги пронајде испраќачите на погребниот венец, а Никола Груевски, како лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, да го осуди јавно овој морбиден чин.

Погребниот венец доставен во домот на новинарот како „поздрав од Тодор Александров“. Фото: Нова Тв.

Погребниот венец доставен во домот на новинарот како „поздрав од Тодор Александров“. Фото: Нова ТВ.

Претплатете се за најнови вести