verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Цитирана непостоечка изјава од Лавров

on 20 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

DW

[Рецензија: Предлогот на Рорабакер- верзија на стар руски предлог?]

 

Во овој напис е преземен дел од текст објавен во друг медиум без претходно да се провери, па таков – непроверен – на читателската јавност ѝ се претставува како вистинит.

Австрискиот весник „Дер Штандард“, правејќи паралела на изјавата на американскиот конгресмен Дајна Рорабакер за поделба на Македонија, потсетува на „изјава“ на министерот за внатрешни работи за Русија, Сергеј Лавров, која тој, всушност, никогаш не ја кажал.

Предлогот на Рорабакер верзија на стар руски предлог Македонија DW.COM 09.02.2017Линк до оригиналниот напис: Предлогот на Рорабакер- верзија на стар руски предлог?

Датум и време на објавување: 09.02. 2017

Датум на рецензирање: 17.02.2017

Рецензент: Симона Атанасова

 

 

ПРЕЗЕМЕНА НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

„Сличен предлог за поделба на Македонија, која во времето на бегалската криза и за Австрија играше решавачка улога, во игра внесе рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, уште во 2015. година. И тогаш Бугарија, Албанија и Косово го отфрлија предлогот, исто како и македонската влада, заклучува ’Стандард’“.

Написот се повикува на наводната изјава на Лавров од австрискиот „Дер Штандард“, чиј текст го цитира. Проблемот е во тоа што Лавров никогаш не дал ваква изјава, а овој текст го презел тој цитат од „Дер Штандард“ и не го проверил.

Лавров во 2015 година не агитираше за поделба на Македонија, како Рорабакер, туку во тогашната изјава предупреди дека има оперативни информации дека некои надворешни сили подготвуваат поделба на Македонија и дека тоа е опасно сценарио.

Со остра реакција и со демант за ваквата наводна изјава на Лавров се јави и Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.

„Би сакале да веруваме дека авторите на овој допис едноставно ги пренебрегнале своите професионални обврски и не ја проверија веродостојноста на информацијата на која се повикуваат. Но, сепак, судејќи по тоа колку детално и заплеткано е изградена целата мрежа на многубројни референции, очигледно е дека станува збор за најобична технологија на „фејкот“ – омиленото средство на западните медиуми во информациски војни“.

Без разлика колку веродостоен е медиумот и колку новинарот и да му верува, сепак не може „слепо“ да пренесува цитати без претходно да ги потврди и да провери барем од уште една страна.

Во случајот, најголемата грешка е кај „Дер Штандард“ за објавување целосно неточна информација, но голем дел од одговорноста ја има и медиумот што ја презел изјавата без дополнителна проверка.

Кодексот на новинари предвидува новинарите да бидат чесни, објективни и точни во пренесувањето на информациите и да ги почитуваат етичките вредности и професионалните стандарди.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (член 1)
Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата. (член 3)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести